Како да познаете дали храната што ја купувате е безбедна за јадење?

Како да познаете дали храната што ја купувате е безбедна за јадење?

Доколку го разберете процесот што се случува при расипување на храната, лесно ќе можете да познаете дали таа е сè уште добра за јадење. Процесот на распаѓање започнува од моментот кога луѓето ја подготвуваат свежата храна за продажба. Природните ензими во растенијата се сè уште активни и ја менуваат нивната боја, вкус и површина. Некои производи, како пченката или грашокот го губат слаткиот вкус. Брокулите, пак, стануваат поцврсти, а зелената салата губи вода и станува мека. Овошјето може да продолжи да зрее и да станува поблаго и откако е набрано, но со тек на времето ќе почне да скапува.

Како да познаете дали храната што ја купувате е безбедна за јадење

Секој вид храна старее на свој начин. Овошјето и зеленчукот обично скапуваат од микроби. Лебот се суши, но ако е на влажно место може да се појави мувла. Бактериите се одговорни за распаѓањето на месото и морската храна бидејќи jа разградуваат нивната површина. Кај млечните производи интересно е тоа што бактериите понекогаш помагаат да останат подолго време свежи, но тоа може да доведе до промена на вкусот и изгледот.

Во сите овие случаи, дејството на ензимите и микробите се зголемува на повисоки температури и кислород, поради што се препорачува храната да се чува во фрижидер во добро затворени садови.

Внимавајте на следниве показатели кои ќе ви укажат на тоа дали храната што ја купувате е добра или почнала да се расипува:

Јаболката, бананите и компирите стануваат кафеави

Нивната надворешна лушпа служи за да ја заштити внатрешната содржина. Кога се изложени на воздух, внатрешноста оксидира и станува кафеава. Меѓутоа, не е штетно да ги јадете и кога ќе станат кафеави. Доколку ги чувате во фрижидер или пак ги испрскате со киселински раствори како лимонов сок, ќе можете подолго да ја задржите нивната свежина.

Како да познаете дали храната што ја купувате е безбедна за јадење

Помодрување

Помодрувањето е резултат на тоа што овошјето или зеленчукот бил удиран и газен во текот на неговото патување од фармата. Тоа ја уништува неговата површина што доведува до омекнување и до добивање кафеава боја. Доколку помодрувањето не е толку видливо, храната сè уште може да се јаде. Меѓутоа, помодрените делови треба да се отстранат бидејќи им овозможуваат влез на микробите.

Како да познаете дали храната што ја купувате е безбедна за јадење

Згрутчено и скиселено млеко

Во поголемиот број случаи скиселеното млеко не може да ви наштети, ако решите да го испиете и покрај лошиот вкус. Млекото можете најмногу да го процените доколку го помирисате. Како што тоа старее, станува покисело а тоа создава средина несоодветна за микробите кои предизвикуваат болести. Истата киселост може да предизвика млекото да се згрутчи. Таквото млеко сè уште може да се употреби при готвење, но ако забележите мувла треба да бидете повнимателни.

Како да познаете дали храната што ја купувате е безбедна за јадење

Промена на бојата кај зелената салата

Промената на бојата и дамките не се показател дека зелената салата не е добра за јадење. Листовите можат да станат кафеави на краевите поради недостаток на хранливи состојки. Кафеавите дамки и точки се резултат на преголемата изложеност на кислород и јаглерод диоксид. Зелената салата исто така може да стане розова на средината ако е изложена на повисока температура. Без разлика на сите овие недостатоци, таа е сè уште безбедна за јадење иако пожелно е да се отстранат тие делови со сменета боја од естетски причини.

Како да познаете дали храната што ја купувате е безбедна за јадење

Избледување и потемнување на месото

Пигментите за боја кај месото природно ја менуваат бојата кога се изложени на воздух и светлина. Обично преминуваат од виолетово црвенкасти до потемно кафеаво црвени. Кај меленото месо надворешноста е светло црвена, додека пак од внатре тоа е виолетово или сиво кафеаво. Оваа промена на бојата е нормална и не значи дека производот е расипан. Меѓутоа, доколку забележите чуден и непријатен мирис или леплива површина, не го јадете месото.

Како да познаете дали храната што ја купувате е безбедна за јадење

Скапување

Кај зеленчукот често се случува ткивото да биде нападнато од бактерии. Иако скапаниот зеленчук не е нешто што е препорачливо да се јаде, овие бактерии не се истите тие кои доведуваат до труење. Откако скапаните делови ќе бидат отстранети, остатокот сè уште ќе може да се јаде. Овошјето, пак, може да биде нападнато од габи и мувла кои се поотровни.

Како да познаете дали храната што ја купувате е безбедна за јадење

Лузни

Лузните се последици од начинот на растење на овошјето или зеленчукот. На пример, доколку праската допирала некоја гранка додека растела, на тоа место подоцна ќе се формира лузна. Лузните не влијаат на производот и тој сè е уште е безбеден за јадење, но доколку отворите биле направени подоцна, тоа може да значи дека навлегле микроби.

Како да познаете дали храната што ја купувате е безбедна за јадење

Застоена храна

Готвените работи, чипс, крекери и слично можат да станат застоени при што ја менуваат формата и стануваат тврди. Сè уште се безбедни за јадење и нивната свежина лесно може да ја вратите доколку малку ги загреете.

Како да познаете дали храната што ја купувате е безбедна за јадење

Венење и збрчкување

Брокулите венеат, а пиперките и доматите се збрчкуваат. Тоа е знак дека производот изгубил поголемо количество вода и затоа не може да ја задржи својата форма. Тоа не е показател дека храната не е добра за јадење, напротив, лесно може да ја вратите свежината со тоа што ќе го ставите производот 5 до 10 минути во замрзната вода или ќе го зготвите.

Како да познаете дали храната што ја купувате е безбедна за јадење

Зеленеење на компирите

Зелените делови на компирот може да содржат природни отрови кои не се уништуваат со готвење. Ако компирот станал зелен, најдобро е да го фрлите. Истото важи и за компирите кои имаат горчлив вкус.

Како да познаете дали храната што ја купувате е безбедна за јадење

Мувла

Мувлата е една од работите на кои треба да внимавате. Некои видови мувла, како онаа што прави горгонзолата да биде сина се многу вкусни, но други видови мувла произведуваат отрови и може да доведат до труење и други болести. Иако ретко се случува мувлата да биде отровна, препорачливо е да ја фрлите храната прекриена со мувла или барем да ги отстраните мувлосаните делови.

Како да познаете дали храната што ја купувате е безбедна за јадење

И маслото и јаткастите плодови може да се расипат

Кога храната што содржи масти се распаѓа, добива многу непријатен мирис и вкус. Светлината, воздухот, влагата и бактериите можат да го забрзаат овој процес. Незаситените масти побрзо се расипуваат, што значи дека месото од риба и живината побрзо ќе се расипе од месото кое содржи големо количество заситени масти како што е говедското. Јаткастите плодови како оревите, индиските ореви и кикириките исто така содржат големо количество незаситени масти и затоа побрзо се расипуваат. Затоа најдобро е овие производи да се чуваат на пониски температури, добро заштитени од воздух и влага. Иако можеби нема да ви наштетат, подобро е да не ги јадете овие производи кога ќе се расипат бидејќи имаат многу горчлив вкус и непријатен мирис.

Како да познаете дали храната што ја купувате е безбедна за јадење


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар