Како да направите разнобојно игло во вашиот двор?

Даниел Греј, кој неодамна дипломирал градежништво, од Нов Зеланд отпатувал до Едмонтон, Канада за да помине 5 недели со својата девојка и нејзините родители за празниците. Нејзината мајка, сакајќи да го запознае подобро (а можеби и да ја тестира неговата решителност), предложила сите заедно да изградат игло. Но, Даниел не знаел дека подготовката за оваа градба започнала пред неколку месеци, кога мајката на неговата девојка, Бриџит, почнала со собирање на картонски кутии од млеко.

Како да направите разнобојно игло во вашиот двор?Како да направите разнобојно игло во вашиот двор?Како да направите разнобојно игло во вашиот двор?

Откако собрала неколку стотици тетрапак кутии, тие ги наполниле со вода и со малку боја за храна, притоа создавајќи обоени ледени цигли. За да им помогне, Даниел користел „снегтон“ – едноставна мешавина од снег и вода за да може да ги спои циглите. За целиот проект да се заврши им биле потребни околу 150 часови и 500 ледени цигли. Но, резултатите се едноставно неверојатни.

Како да направите разнобојно игло во вашиот двор?Како да направите разнобојно игло во вашиот двор?Како да направите разнобојно игло во вашиот двор?Како да направите разнобојно игло во вашиот двор?Како да направите разнобојно игло во вашиот двор?Како да направите разнобојно игло во вашиот двор?Како да направите разнобојно игло во вашиот двор?Како да направите разнобојно игло во вашиот двор?Како да направите разнобојно игло во вашиот двор?

Погледнете ја целосната галерија од изградбата на ова необично игло.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар