Како да си направите маица во пастелни бои со помош на чај?

Како да си направите маица во пастелни бои со помош на чај?

Коралната боја, пастелната розова и песочната се нијансите кои ќе ја одбележат пролетната сезона, а бутиците се веќе полни со маици, фустани и блузи во овие нежни нијанси. Ако сакате и вие да ја надополните вашата гардероба со некое такво парче, не мора веднаш да тргнете во шопинг. Обидете се сами да офарбате маичка која веќе ја имате и тоа со помош на овошен чај.

kako-da-napravite-maica-vo-pastelni-boi-so-pomosh-na-chaj-kafepauza.mk

Потребно ви е:
  • Бела памучна маичка или кошула
  • 7 лажици сол
  • Овошен чај од шумско овошје, вишна, рибизла, јагода или друго слично црвено овошје
  • Тенџере
  • Цедилка
  • 2 литра вода
  • Пластичен сад
Постапка:
  1. Во садот ставете 1 литар топла вода, додајте ја солта и добро измешајте додека не се растопи.
  2. Ставете ја маицата во садот и оставете ја да стои околу 1 час.
  3. Во тенџерето ставете 1 литар вода, загрејте ја и кога ќе зоврие ставете 10 кесички чај (повеќе ако сакате поинтензивни бои).
  4. Оставете уште малку да повари, тргнете го тенџерето од огин и потоа оставете ја обоената боја да поседи 5 минути откако ќе ги извадите кесичките.
  5. Маицата извадете ја од солената вода, нежно исцедете ја и ставете ја во чајната вода. Нека стои околу 1 час.
  6. Доколку сакате да ја прошарате маицата, потопете само дел од неа во црвената вода, а другиот дел од маицата потопете го во раствор од кафе (со 6 лажици).
  7. По отстојувањето, исперете ја маицата во ладна вода превртена наопаку.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар