Како да направите чоколадна свеќа?

Како да направите чоколадна свеќа?

Прекрасен и многу едноставен начин да го исполните домот со вашиот омилен мирис…

Како да направите чоколадна свеќа?

Потребно за една свеќа:
  • 250 грама восок
  • 30 грама екстракт од какао
  • 10 грама екстракт од чоколадо
  • кафеав пигмент за свеќи
  • фитил

Загрејте го восокот на пареа, или пак ставете го во микробранова печка за побрзо да се растопи. Во растопениот восок додајте ги екстрактот од какао, екстрактот од чоколадо и кафеавиот пигмент за свеќи и мешајте додека сите состојки не се соединат убаво. Ќе знаете дека треба да престанете со мешање кога смесата ќе добие еднолична боја и ќе се почувствува мирисот на чоколадото и какаото.

Потоа во мал сад од којшто свеќата ќе ја добие својата форма (тоа може да биде чаша или тегличка) ставете го фитилот. Најдобро ќе биде доколку тој на долната страна е прицврстен за метално парче коешто ќе ви помогне да го држите исправен додека го истурате жешкиот восок во садот. Не заборавајте да оставите барем 1 см од фитилот непокриен со восок. Кога восокот ќе се олади (после 5 часа), ќе можете да уживате во прекрасниот мирис на чоколадо во вашиот дом.

Како да направите чоколадна свеќа?

Сте пробале да направите свеќа порано? На пример од мандарина?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. BILvoAFRIKA Reply

    а кај се продава восок за свеки?
    по другите дрзави се продава во коцки големи а кај нас изгледа не постои такво нешто о.0

  2. Име Reply

    I kade ima pigment za svekji?

Напиши одговор на Име Откажи одговор