Како да направите чоколадна свеќа?

Сподели

Прекрасен и многу едноставен начин да го исполните домот со вашиот омилен мирис…

Реклама New Ways Of Travel
Потребно за една свеќа:

rn

    rn011

  • 250 грама восок
  • rn011

  • 30 грама екстракт од какао
  • rn011

  • 10 грама екстракт од чоколадо
  • rn011

  • кафеав пигмент за свеќи
  • rn011

  • фитил
  • rn

rnЗагрејте го восокот на пареа, или пак ставете го во микробранова печка за побрзо да се растопи. Во растопениот восок додајте ги екстрактот од какао, екстрактот од чоколадо и кафеавиот пигмент за свеќи и мешајте додека сите состојки не се соединат убаво. Ќе знаете дека треба да престанете со мешање кога смесата ќе добие еднолична боја и ќе се почувствува мирисот на чоколадото и какаото.

Потоа во мал сад од којшто свеќата ќе ја добие својата форма (тоа може да биде чаша или тегличка) ставете го фитилот. Најдобро ќе биде доколку тој на долната страна е прицврстен за метално парче коешто ќе ви помогне да го држите исправен додека го истурате жешкиот восок во садот. Не заборавајте да оставите барем 1 см од фитилот непокриен со восок. Кога восокот ќе се олади (после 5 часа), ќе можете да уживате во прекрасниот мирис на чоколадо во вашиот дом.

Сте пробале да направите свеќа порано? На пример од мандарина?rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Содржина /затвори

Популарно

Може ќе ве интересира