Како да го сопрете времето околу вас?

Како да го сопрете времето околу вас?

Барем еднаш сите сме се почувствувале како да немаме доволно часови во денот за да ги завршиме сите наши обврски, а уште помалку па и за да се одмориме. Барањата од работата и социјалниот живот, комбинирани со нашите потреби за сон, храна и вежбање можат толку многу да се насоберат што ќе направат да се чувствуваме како времето да ни бега и како постојано да сме во трчање.

Времето можеби е ограничено, но не мора постојано да го чувствувате тоа на вашата кожа. Новите истражувања покажале дека ако ја промените вашата моментална свесност, вашиот моментален начин на кој гледате на светот – ќе можете и да го промените начинот на кој го перцепирате и доживувате времето, а за возврат ќе бидете многу посреќни и позадоволни од животот.

Како да го сопрете времето околу вас?

Во одредени моменти од вашиот живот, сигурно сте се почувствувале како времето да ви запрело. Можеби тоа било кога првпат сте се искачиле на врвот од некоја планина во Македонија или пак, кога сте сфатиле дека сте заљубени. Овие искуства најчесто се проследени со восхит, чувство кое произлегува од перцепцијата за неизмерноста (во однос на значајноста или големината на нештата) и потребата да го промените начинот на којшто во тој момент гледате на светот за да можете да се прилагодите на оваа нова ситуација.

Во својата студија, истражувачите Мелани Руд, Кејтлин Вохс и Џенифер Ејкр испитувале дали чувството на восхит во комбинација со среќата би можело да го намали чувството на луѓето за притисокот на времето и истовремено да им влијае тие повеќе да сакаат да го „волонтираат“ своето време и да избираат искусување нешта пред материјални објекти, како и едноставно да уживаат повеќе во животот.

За да ги истражат овие хипотези, истражувачите спровеле три експерименти. Резултатите кои тие ги добиле сугерирале дека за да се чувствуваме како да го имаме целото време на светот (дури и кога го немаме) треба да правиме нешто што ќе инспирираа восхит кај нас. Многу е лесно да се „заглавите“ во секојдневните рутини на животот и да  пропуштите потенцијално прекрасно искуство, кое можеби дури се наоѓа и пред вашиот нос. Понекогаш и самиот факт дека постоите може да биде доволен за да ве инспирира на тој начин.

Истражувачите исто така забележале дека понекогаш е добро да се чувствувате како времето да ви е ограничено, за да можете да завршите со работните обврски на време. Но, од друга страна, со денешниот начин на живот може многу почесто да ви е потребно ова чувство на восхит, кое ќе ви помогне да го сопрете малку времето околу вас и едноставно да можете да уживате во сегашниот момент.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Trpe Reply

    Јас спроведов опсежно истражување (напишано во 7 тома) за тоа како да направите денот да ви трае 25 часа?

    Иако на прв поглед тоа изгледа невозможно, на крајот дојдов до неверојатен заклучок дека тоа е возможно.

    Summa summarum: Станувајте еден час порано.

Остави коментар