Како да ги сочувате вашите спомени во тегла?

Убавите спомени сакаме вечно да ги паметиме, а за таа цел е потребно и да ги негуваме. Едноставен, а убав начин да го сторите тоа, е да ѝ дадете антички изглед на некоја вашата постара фотографија или да ја украсите со предмети кои ве потсетуваат на тие времиња.

Како да ги сочувате вашите спомени во тегла?

За реализација на оваа идеја, потребна ви е црно-бела фотографија, тегла полна со маслиново масло и неколку исушени цвеќиња или гранчиња. Фотографијата внатре ќе изгледа прекрасно!

Како да ги сочувате вашите спомени во тегла?

Доколку пак сакате фотографијата да ја поврзете со спомени од некое убаво патување или летен одмор, во теглата ставете песок, школки, шишарки, приврзоци, украси…

Како да ги сочувате вашите спомени во тегла?

Без да вложувате воопшто труд, можете да побарате малечка тегла или шише со широк отвор низ вашиот дом, кои ќе имаат улога на кул рамка за фотографиите од вашите сакани.

Како да ги сочувате вашите спомени во тегла? Како да ги сочувате вашите спомени во тегла? Како да ги сочувате вашите спомени во тегла? Како да ги сочувате вашите спомени во тегла?

Ова е прекрасен начин да се сочува некоја убава меморија, нели!? :)

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар