Како да ги откриете своите приоритети?

Како да ги откриете своите приоритети?

Сите понекогаш го губиме животниот компас и размислуваме што навистина би нè направило среќни и би нè натерало да уживаме во секојдневните искуства и предизвици. Во овие моменти, најдобро е да размислиме кои работи од нашиот живот се или треба да ни бидат приоритетни. За среќа, постои еден многу едноставен начин како да ги откриеме и да се вратиме на патот кон личниот напредок.

Како да ги откриете своите приоритети?

Земете лист хартија и едно хемиско пенкало, па запишете ги следните вредности: љубов, соработка, интегритет, трудољубивост, праведност, слобода, благодарност, моќ, скромност, разумност, почитување, статус, толеранција, имунитет и пријателство. Пречкртајте ги оние за кои сте апсолутно сигурни дека не ви се важни, а заокружете ги оние кои сметате дека имаат големо значење за вас. Запишете ги сите вредности на посебни листови хартија и наредете ги по важност.

Откако ќе завршите со оваа листа, почнете да ги забележувате сите случувања и емоции кои се поврзани со заокружените вредности и кои ќе ви се случат во текот на наредната недела. За да ја олесните потрагата, поставете си неколку прашања: Дали ве разочарал некој близок кој ве озборувал со другите – искреност, дали ве повредило тоа што вашиот партнер одлучил да ја помине вечерта со пријателите, наместо да дојде на закажаната средба со вашето семејство – почитување и така натака…

Кога ќе откриете кои вредности ви се поважни, повторно наредете ги и истакнете ги оние кои сметате дека имаат најголема важност. Постапката повторувајте ја сѐ додека не сте сосема сигурни кои вредности го дефинираат вашиот живот и ве мотивираат да работите на личниот напредок. Така, ќе можете многу полесно да ги донесувате одлуките, независно дали тие се лесни или тешки, бидејќи конечно ќе знаете по што навистина копнеете и што недостасува во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар