Како да дознаете дали сте бремени со момче или девојче?

Како да дознаете дали сте бремени со момче или девојче?

Ова е нов трик за откривање дали ќе добиете син или ќерка, а нема никаква врска со бабините деветини. Дури и да не планирате наскоро да останете бремени, сигурно уште сега си имате замислено дали сакате да имате син или ќерка. Полот на бебето се одредува во моментот на зачетокот, а сега на нов начин можете уште во самиот почеток да откриете дали ќе родите машко или женско бебе.

Еве како да дознаете дали сте бремени со момче или девојче

За разлика од бабините деветини кои се поврзани со изгледот на стомакот на бремената жена и утринските мачнини, овој начин на „предвидување“ го потврдува една научна студија. Таа била објавена во списанието „Plus One“, а со неа биле следени повеќе од 68 милиони породувања за 23 години. Научниците дошле до заклучок дека жените кои малку се здебелиле за време на бременоста, имаат повеќе шанси да родат девојче. 51% од бебињата кои се родиле од мајки кои се здебелиле помалку од 20 килограми за време на бременоста, биле девојчиња.

Секако, оваа студија ја идентификувала поврзаноста, а не причините. Тоа не значи дека ако внимавате на вашата линија, автоматски ќе добиете девојче (генетиката и среќниот момент го утврдуваат полот на бебето). Истражувачите сѐ уште во целост не можат да го објаснат односот помеѓу телесната тежина и веројатноста за тоа дали жената ќе роди момче или девојче, но откриле дека жената која се поправила малку килограми, најчесто нема машки фетус. Се верува дека една од причините за тоа е што машкиот фетус бара повеќе хранливи материи за раст и развој, така што мајките треба да внесуваат повеќе калории.

Секако, тоа не значи дека ќе го изгубите бебето доколку не се здебелите доволно. Американскиот конгрес на акушери и гинеколози препорачува дека секоја бремена жена треба да се здебели од 12 до 16 килограми доколку сака здраво бебе, без оглед на тоа дали е машко или женско.

Кој и да е полот, секако е радост за семејството, а погледнете ги и овие креативни начини на кои можете да ја соопштите оваа среќна вест.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар