Како да бидете помудри од останатите луѓе?

Како да бидете помудри од останатите луѓе?

Според последните изјави на студентите по психологија, со самото анализирање на различните специфични психолошки студии кои го демонстрираат и објаснуваат човечкото однесување, дури и без да се потрудат да ги запомнат, тие се чувствувале значително помудри и посвесни. Можеби немате голем интерес во луѓето и работите кои тие, или вие, ги правите, но ако вашите ставови се сосема спротивни тогаш сигурно ќе ја цените книгата „Најмудриот во собата: Како можат да ви користат најмоќните студии од социјалната психологија?“. Авторите, Томас Гилович и Ли Рос, професори по психологија на Универзитетите Корнел и Стенфорд, во својата нова соработка покриваат најразлични теми од секојдневниот живот, проблемите со војната, мирот и зошто е толку тешко да го постигнеме.

Како да бидете помудри од останатите луѓе?

Критичката разлика помеѓу мудроста и интелигенцијата е тоа што мудроста бара ефективност и увид од луѓето, а интелигенцијата не. Мудрата личност е способна да ги смести во перспектива сите индивидуални настани и да заземе поширок став и поглед кон проблемот. Во тој контекст, Голович и Рос нудат 3 начини на кои луѓето можат да бидат помудри:

1. Кога правите тешка одлука, практикувајте да ја правите на начинот кој аналитичарите го нарекуваат „премортем“. Тоа се подразбира за оние случаи кога одлуката има потенцијал да биде лоша и од вас се бара да откриете кои информации ви се потребни за да дознаете зошто е тоа така. Некои од нас природно се обидуваат да ги пронајдат пречките во процесот на носењето одлуки и причините зошто постои ризик тие да бидат лоши. Она што треба да научиме да го правиме е слободно да го искажуваме своето мислење и да увидиме кога тоа нема да биде корисно за луѓето, а кога ќе има позитивен ефект.

2. Сопствеништвото не е она што нѐ прави среќни. Искуствата во животот се клучниот елемент кој носи повеќе значења и подолготрајна среќа. Кога сакате да постигнете добар социјален однос кој ќе ве направи помудри, наместо за работите кои сте ги купиле, платата или материјалните нешта, разговарајте за вашите искуства.

„На оние луѓе чии приоритети им се ниските даноци, финансиските проблеми или поконкретно личните и приватните креации создадени на трошок на градењето јавни експериментални ресурси (паркови, јавни места…), е многу поверојатно да го намалат колективното добро на општеството.“ – стои во книгата на Гилович и Рос.

3. Борете се со фундаменталната грешка на атрибуцијата кога ќе се соочите со неа. Таа се дефинира и настанува кога луѓето се обидуваат да претстават или да заклучат дека однесувањето на една личност е предизвикано и е под влијание на неговиот карактер и диспозиција. Тоа го занемарува вистинскиот придонес на контекстот. Авторите велат:

„Вистинскиот мудрец е теренски теоретичар кој не ги осудува другите сѐ додека не ја осознае природата на ситуацијата и додека внимателно не размисли пред да дејствува.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар