Како би изгледал Фејсбук испечатен на хартија?

Фејсбук ја достигна бројката од 800 милиони корисници. Засега компанијата не излегува со официјални статистики за бројот на дневно објавени статуси, но едно истражување направено врз 2.000 Британци открива дека во просек секој корисник на Фејсбук објавува по еден статус дневно, со просечна должина од 2 реда.Како би изгледал Фејсбук испечатен на хартија?Според ова истражување, на социјалната мрежа се објавуваат 292 милијарди статуси годишно, кои доколку би ги испечатиле на хартија, би направиле значителна штета на шумските предели на планетата.

Па така, според претпоставката дека еден лист хартија, А4 формат има 51 ред доколку на него се пишува со големина на фонт 11, потребни ќе бидат 11,5 милијарди листови за да се испечатат сите статуси кои годишно се пишуваат на Фејсбук. Таа бројка на листови е еднаква на 500 милиони испечатени речници на англиски јазик, објавени од Оксфорд.

Учесниците во ова истражување во просек поминувале по 32 минути на Фејсбук, читајќи што објавиле нивните пријатели. Па така, доколку би се претпоставило дека во просек една страна А4 формат се чита за 3 минути, за да ги прочитате сите статуси кои се објавени на Фејсбук за една година, ќе ви бидат потребни 573 милиони часови. За исто време еден авион може да ја заобиколи земјата 8,5 милиони пати.Како би изгледал Фејсбук испечатен на хартија?Секако, оваа проценка може да е неточна. Можеби станува збор за уште повеќе статуси, но Фејсбук барем засега не излегува со официјални бројки за просекот на објави.

Овие бројки се направени врз база на користењето на Фејсбук во Велика Британија, па така не може точно да се тврди како се однесуваат корисниците во другите земји. Официјалните бројки објавени од страна на најпопуларната мрежа на светот, велат дека дневно се прикачуваат околу 250 милиони фотографии и дека секојдневно се најавуваат барем 50% од корисниците.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар