Кај секоја жена е исто! Како работи женската логика?

Решив да направам вкусна и лесна салата за да го израдувам моето семејство. Салата од пилешко месо. Ми остана малку варено пилешко месо од вчера, сеедно, веќе никој нема да сака да го јаде. По рецептот, во оваа салата треба да има ананас од конзерва. Ги искористив сите парчиња ананас, но сокот остана. Да го испијам? Нема. Да го истурам? Жал ми е.

Woman seasoning food

Се сетив на рецептот за едни колачи, таму е потребен сок од ананас. Направив колачи. Но, за нив беа потребни само жолчките од јајцето, белките останаа. Да ги фрлам… жал ми е. Но, ако ги оставам во фрижидер, ќе се расипат и повторно ќе треба да ги фрлам.

Се сетив! Можам да направам целувки. Лесно, брзо и вкусно! За подготовката користев и рендана кора од лимон. Остана цел лимон, но без кора. Ако го оставам така, брзо ќе се исуши. И што да правам сега со него? Аха, се сетив. Ќе направам убав сос за салата.

За сосот искористив и половина кромид. Другата половина гледа во мене. Што да правам со неа? Може да направам вкусен сос за шпагети. Во фрижидер пронајдов и сос од домати, домашно произведен. Искористив пола. Што да правам со остатокот? Ќе ми биде жал ако пропадне… многу се изморив минатото лето додека го подготвував… Природен, без конзерванси, нема долго да стои така отворен.

Малку размислив, па на крај решив да зготвам зелка. Но, за жал, дома немаше зелена. Брзо се подготвив и заминав во продавница.

Купив зелена зелка, цвекло, компир, павлака, паста за заби, чорапи (беа на акција), топлинки (исто така по намалена цена), пакет сапуни за секој случај… На враќање наминав до банка, ги платив сметките, а на враќање од таму ги земав чевлите кои беа на поправка, им купив свежи кифли на децата од блиската пекара… Конечно стигнав дома. Зготвив зелка.

Веќе не се грижев дали нешто останало. Легнав на креветот, грбот ме боли, нозете не ги чувствувам, рацете ми „паѓаат“… И мислам, каква сум јас будала. Најдобро беше да го испијам тој сок од ананас во конзерва!

Се препознавте ли себеси во оваа приказна?

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар