Кафуле во Ница кое скапо ја наплатува непристојноста

Бидете пристојни или подгответе се да платите поскапо – ова накратко е пораката којашто едно кафуле во Ница сака да им ја испрати на своите муштерии, со една занимлива табла со цени.

Кафуле во Ница кое скапо ја наплатува непристојноста

Персоналот во „Staff at La Petite Syrah“ бил презаситен од грубоста на муштериите, па сега менаџерот решил на таквите луѓе да им наплаќа повеќе, со цел да ги убеди дека треба да го променат своето однесување. Неговиот трик му донел голема популарност на кафулето, преку социјалната мрежа Твитер.

Кафуле во Ница кое скапо ја наплатува непристојноста

Ако речете само „едно кафе“ тоа ќе ве чини 7 евра, нарачаното кафе со „ве молам“ на крајот ќе ве чини 4,25 евра, а реченицата „Здраво, едно кафе ќе ве молам“, ќе ве чини само 1.40 евра.

Менаџерот Фабрис Пепино изјавил: „Започна како шега, бидејќи за време на ручек, луѓето кои доаѓаат во кафулето се честопати под голем стрес и понекогаш се груби со нас, ако имаат обврски. Ова е нашиот начин да им порачаме: останете спокојни и продолжете понатаму.“

Кафуле во Ница кое скапо ја наплатува непристојноста

Острите мерки за грубото однесување коишто ги наложил г. Пепино, биле многу добро прифатени од страна на муштериите.

Повеќето од муштериите во кафулето се редовни и тие успеваат да ја видат шегата зад ова мени и сега дури претеруваат со нивната учтивост. Почнаа да ме нарекуваат Ваше височество, секојпат кога ќе го видат знакот“ – објаснува тој.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар