Кафехоличари обединете се: 8 причини зошто кафето е најдобриот пијалак

Ах утра… првото нешто на кое кафехоличарите помислуваат наутро е нивната дневна доза кафе. Не можат да функционираат без таа магична напивка која им дава енергија и е всушност причината поради која можат нормално да го протуркаат денот. Кафето е слатко, средно или горко – секакво какво што сакате. А ова се причините зошто тоа е најдобриот пијалак на светов. Секако, без навреда до љубителите на чај.

0-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mk

1. Денот не смее да започне без кафе

Пиете кафе по пат додека земате кафе. А последниот пат кога разговаравте со ваш колега без да се напиете кафе направивте ужасни грешки. Дури спомнавте имиња кои никако не смееја да бидат спомнати.

1-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mk

2. Можете цела ноќ да се забавувате

Без да ви се приспие. А кафето, следното утро повторно ќе биде тука за да ги олесни работите. За секоја ноќ помината со премногу алкохол, доаѓа утро со еднаква количина кафе.

2-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mk

3. Не морате цел семестар да го поминете во учење

Благодарение на оваа магична напивка, можете да научите сѐ во рок од 24 часа. Па кој воопшто има време да учи цела година?!

3-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mk

4. Не чувствувате замор после долг лет

Додека сите одат да си ги земат куферите, вие само што ќе стапнете назад на земја барате кафе.

4-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mk

5. Немате проблеми со тврда столица

Затоа што не пиете безкофеинско кафе. Тие што го пијат – нека му ја мислат.

5-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mk

6. Кафето ви дава енергија да ги направите работите што ве мрзи да ги правите

Да вратите на сите имејлови, да ги измиете чиниите и да смислите решенија на сите проблеми.

6-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mk

7. Поради кафето секое утро вие сте среќни што сте живи

Нема потреба да читате книги за самопомош и позитивно размислување, кога можете да се напиете нешто што веднаш ќе ви го забрза срцето и ќе ве исполни со енергија.

7-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mk

8. Па дури и кога губите време на глупости вие сте продуктивни

Нема подобро време за средување на плакарот од тоа кога треба да учите. Кога ќе сакате да учите, тогаш го планирате средувањето на плакарот. А ваквите стратегии ќе ве направат успешна личност. Која пие многу кафе, се разбира.

8-kafeholicari-obedinete-se-8-pricini-zosto-kafeto-e-najdobriot-pijalak-kafepauza.mk

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар