Каде е најдобро да си жена оваа година?

Каде е најдобро да си жена оваа година?

Ова истражување се спроведува од 2006 година од страна на Светскиот економски форум (WEF) и се прави врз основа на неколку критериуми. Рамноправноста помеѓу половите се мери земајќи предвид неколку индикатори како местото во политиката, образованието, економијата и здравството, како и општата вработеност. Во истражувањето оваа година се вклучени 136 земји.Каде е најдобро место за да си жена оваа година?Петта година по ред на првото место се наоѓа Исланд, а веднаш потоа следуваат Финска, Норвешка и Шведска.

На спротивната страна, односно на дното се наоѓаат Сирија, Пакистан и Јемен. Всушност, Блискиот Исток и северниот дел од Африка, воопшто не напредувал во однос на 2012 година.

Македонија годинава се наоѓа на 57 место. Од земјите во нашето опкружување највисоко котира Словенија на 38 место, потоа следи Србија на 42, Бугарија на 43, Хрватска на 49, Грција на 81 и Албанија на 108 место. Во деталниот извештај можете и детално да прочитате која земја што презела за ова прашање, како и зошто годинава се наоѓа на тоа место.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар