Каде цртањето графити е легално?

Без разлика дали го сметате за вандализам или за неопходност на урбаното живеење, цртањето графити е забрането. Тоа е општествено најмалку прифатената форма на уметност, па можеби поради тоа предизвика толку голем отпор и опстана како супкултура. Сепак, со афирмацијата на хип хоп културата во последните години, односот кон неа почна да се менува, па веќе некои градови одвојуваат простор каде што цртањето графити е легално.

Мелбурн

Властите на Мелбурн ја одредиле улицата Хосиер Лејн како место каде што графити-уметниците можат да се изразат. И не само што овде тоа е легално, туку и се поттикнува, така што улицата е вметната во сите туристички водичи како атракција која мора да се посети. Дури и мистериозниот и контроверзен британски цртач на графити Бенкси оставил свој „отпечаток“ овде, а сопствениците на зградата веднаш поставиле стакло за да го заштитат неговото дело.

Каде цртањето графити е легално?

Венис Бич, Калифорнија

На Венис Бич во Калифорнија има ѕид којшто никогаш не е сив и каде никогаш не е здодевно, затоа што минувачите постојано имаат можност да ги следат уметниците на дело. Ѕидот е многу популарен меѓу уметниците, па нивните цртежи ретко се задржуваат подолг период, поради тоа што секогаш доаѓа некој друг што црта нешто ново врз нив.

Каде цртањето графити е легално?

Париз

Париз е град на уметноста и има повеќе места каде што е овозможено изразување преку графити. Оние што имаат намера да цртаат овде нема зошто да се плашат од полицијата, но проблем може да им претставува територијалноста на одредени групи на графити-уметници. Постојат случаи каде што тие дури применуваат и насилство со цел да го одбранат просторот каде што тие цртаат.

Каде цртањето графити е легално?

Квинс, Њујорк

Во блокот 5Поинтз во Квинс, Њујорк, секој уметник на графити може слободно да се изрази без да биде задеван од полицијата, но само по претходно одобрување од Мерес Уан – кураторот и основач на „5Поинтз“, арт-центар за уметници кои работат со аеросол.

Каде цртањето графити е легално?

Цирих

Цирих важи за еден од најчистите градови во светот, а неговите жители отсекогаш се труделе и ѕидовите да ги одржат чисти. Но, со менувањето на односот кон графити-уметноста, градот издвои еден мал простор каде што тоа може да се практикува. Роте Фабрик порано било местото каде што цртачите се прикрадувале за нелегално да ја реализираат својата страст, а денес не само што тоа е едно од ретките места во светот каде што тоа е дозволено, туку е и поддржано од властите.

Каде цртањето графити е легално?

Копенхаген

Копенхаген е познат како еден од најлибералните градови во светот, меѓу другото и заради тоа што на одредени локации дозволува цртање графити. На ѕидот кај Сидхавнен секој ден има артисти кои работат, а нивните дела траат по неколку дена додека не дојде некој друг да црта врз нив.

Каде цртањето графити е легално?

Тајпеј

Иако тајванската престолнина сè уште не ги легализирала графитите, сепак тоа не се смета за вандализам и полицијата не им прави проблеми на цртачите, сè додека сопствениците на ѕидовите не се пожалат.

Каде цртањето графити е легално?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар