Јулија Липницкаја: Неверојатен 15-годишен талент во областа на уметничкото лизгање

Јулија Липницкаја: Неверојатен 15-годишен талент во областа на уметничкото лизгање

Русинката Јулија Вјачеславовна Липницкаја е родена на 5 јуни 1998 година и на само 15 години успеала да постигне нешто што никој досега не успеал. Таа во областа на уметничкото лизгање за само 3 години освоила 4 златни и 4 сребрени медали, а исто така ги држи рекордите за најмладата девојка која ја освоила титулата Европски шампион и најмладата девојка која освоила Олимписко злато во оваа категорија.

Јулија Липницкаја: Неверојатен 15-годишен талент во областа на уметничкото лизгање...

Липницкаја започнала со лизгање уште кога имала само 4 години. Таа тренирала во градот Eкатеринбург сè до 2009 година, кога со мајка ѝ решиле да разговараат за нејзината иднина, заклучувајќи дека треба или да се преселат за да продолжи со својата кариера во уметничкото лизгање или целосно да го напушти овој спорт. За среќа, тие одлучиле да се преселат во Москва каде што Липницкаја се придружила на групата Етери Тутбериџе и таму продолжила со својот тренинг. Погледнете како изгледаше нејзината рутина на овогодишните Зимски Олимписки Игри…

Неверојатно е колку грациозно изгледа секое нејзино движење и со каква леснотија ги прави скоковите и пируетите. Сигурни сме дека таа ќе продолжи да нè изненадува со секоја нова рутина и дека за неколку години ќе стане една од најпознатите и најпрепознатливите спортистки во уметничкото лизгање. Погледнете дел од нејзините најдобри перформанси досега…




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар