Јапонската пустина

Кој би помислил дека и во Јапонија има пустина? Ова всушност не е вистинска пустина, туку огромен песочен нанос кој изгледа фантастично. Дината се наоѓа во близина на градот Тотори на островот Хоншу, Јапонија. Распространета е на 30 квадратни километри, што воопшто не е мала површина.

Јапонската пустина

Песочните дини во Тотори се создадени преку пренесување на наталожениот песок на планините Чугоку преку реката Сендаи во Јапонското море. Морските струи потпомагаат песокот од дното на морето да се искачува кон брегот, каде што ветерот го прераспределува во различни форми. Највисоката дина е со надморска височина од 90 метри. Иако технички ова не е пустина, сепак во летните топли денови, температурата на песокот може да се искачи до 50 Целзиусови степени. На нејзе растат и растенија кои можат да успеат во тие услови, а може да се најде и по некое специфично животно.

Јапонската пустинаЈапонската пустина

Дините постојат повеќе од 100.000 години, но нивната површина постојано се намалува поради владината програма за пошумување, која е направена по Втората светска војна. Покрај тоа, има и бетонски бариери подигнати за заштита на брегот од цунами, кои ги спречуваат морските струи да доведуваат нови количества песок на брегот.

Јапонската пустинаЈапонската пустина

Оваа мини пустина привлекува повеќе од 2 милиони посетители секоја година, главно од Јапонија или од Источна Азија.

Јапонската пустинаЈапонската пустинаЈапонската пустинаЈапонската пустинаЈапонската пустинаЈапонската пустинаЈапонската пустина

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар