„Јадење сонце“: Како оваа техника може да ви помогне да добиете натчовечки способности?

Сигурно кога го прочитавте насловот помисливте дека авторот бил под дејство на алкохол или дрога додека пишувал, бидејќи веднаш се запрашавте како некој би можел да го јаде сонцето и не дојдовте до разумен одговор што не вклучува изгореници. Но, не грижете се, не само што станува за вистинска техника, туку таа била потврдена и со истражување спроведено од страна на НАСА. Ве заинтересиравме?

„Јадење сонце“: Како оваа техника може да ви помогне да добиете натчовечки способности?

Процесот познат како „Јадење сонце“, може да се чуе и како „Феноменот ХМР“, именуван според Хира Ратан Манек. Станува збор за човекот што научниците од Универзитетот во Пенсилванија го проучувале, поддржани од страна на НАСА. Тие го набљудувале Манек 24 часа, 7 дена во неделата, во период од 100 дена. Можете да погодите што се случило? Тие откриле дека тој навистина преживувал од сончева светлина, иако одвреме-навреме консумирал мали количини матеница или вода.

Звучи апсурдно, се согласуваме. Но, пред да кликнете на нешто друго и да заборавите на ова што досега сте го прочитале, дајте му шанса на целиот текст. Ќе бидете изненадени од тоа што ќе го прочитате до крајот.

Техниката „Јадење сонце“ не е нешто ново – таа исто така е позната и како „Гледање во сонцето“. Станува збор за античка техника што настанала пред илјадници години во различни антички култури и се задржала до ден денес, дури и покрај тоа што докторите предупредуваат за ризиците од долгото изложување на сонце, како рак на кожата. Во Хонг Конг и денес жените на возраст помеѓу 20 и 30 години често го практикуваат ова како замена за храна. Но, како навистина функционира?

Оваа техника е токму тоа што го читате во нејзиното име – луѓето гледаат кон сонцето. Ова се случува 1 час по изгрејсонцето или 1 час пред зајдисонцето, кога ултравиолетовите зраци се на ниско ниво и не можете да ги оштетите очите гледајќи во огнената топка на небото. Многу е важно да ги следите овие правила, доколку некогаш решите да ја пробате оваа техника, бидејќи во спротивно можете да ја оштетите ретината и да си предизвикате привремено или трајно слепило.

„Јадење сонце“: Како оваа техника може да ви помогне да добиете натчовечки способности?

Какви натчовечки способности се добиваат од „јадење на сонцето“?

  • Губење апетит
  • Зголемување на самодовербата
  • Лесно решавање на проблемите
  • Природно лечење на болести или одредени негативни квалитети, ментални или физички

Кои се ефектите од „јадење на сонцето“?

1-3 месеци

Пинеалната жлезда или „третото око“, заедно со хипоталамусот или патот до мозокот од третото око се полнат со енергија. По првите 3 месеци, енергијата од сонцето почнува да стигнува до вашиот мозок. По овој период, таа се задржува во клетките ширум вашето тело. Откако сите клетки во телото ќе се прочистат, мозокот ќе ви работи со полн капацитет, и ќе почнете да ги забележувате горенаведените позитивни ефекти, додека истовремено ќе ја исфрлите целата негативна енергија од вашето тело.

3-6 месеци

Откако ќе се исчистат токсините и проблемите од вашите тело и ум, вие почнувате физички да се лечите. Како што сите бои на сонцето ќе пристигнат до мозокот, сите делови од телото ќе се вратат во својата најздрава состојба. Според терапевтите што работат со бои, одредени болести се јавуваат токму поради недостатокот на одредени бои. За секој дел од телото има посебна сончева боја. На пример, на црниот дроб му е потребна зелена, на срцето жолта, на бубрезите црвена…

6-9 месеци

По 6-месечното лечење, телото почнува да ја претвора својата енергија во неверојатни способности. На пример, потребата за храна по 7-от месец значително се намалува и оние што долго време ја практикуваат оваа техника, тврдат дека воопшто немаат потреба од друг извор на храна од самото сонце. По 9 месеци, сите копнеења, миризби и општи потреби за храна едноставно исчезнуваат и луѓето почнуваат да чувствуваат „напој“ во својот мозок. Кога овој напој се појавува, тоа е знак дека сте го наполниле телото до максимум, па мора веднаш да престанете.

Натчовечките способности што се раѓаат по долго исхранување со сонце

  • Зголемување на интелектот
  • Подобрување на меморијата
  • Неверојатни способности за навигација
  • Појава на телепатија

Се согласуваме дека станува збор за контроверзна тема. Но, што вие мислите за ова? Едно е сигурно, не можете да јадете компир со кечап и мајонез доколку се одлучите да се исхранувате со сонцето.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар