Јаболкото е поштетно за забите, отколку газираните пијалаци

Јадењето јаболко ги оштетува забите четири пати повеќе во однос на газираните пијалаци, велат резултатите од новото истражување. Виното и светлото пиво исто така го зголемуваат ризикот од оштетување на забите, а грејпфрутот кој го консумираме многу поретко, не ги оштетува.

Јаболкото е поштетно за забите, отколку газираните пијалаци

Професорот Дејвид Барлет, кој е раководител на стоматолошкиот институт на колеџот „Кинг“ во Лондон и предводник на ова истражување, смета дека не станува збор само за тоа што јадеме, туку како го јадеме. Пијалаците кои имаат ерозивно дејство, особено Кока-колата, не покажале дека се ризични за вашите заби.

„Докторите постојано велат дека јадењето јаболка е многу здраво, но ако ги јадете бавно, високата киселост која ја содржат, може да ви ги нагризе забите. Газираните пијалаци, како Кока-кола, не покажаа негативни резултати за забите. Резултатите потенцираат дека треба да се внимава со консумирањето храна и пијалаци кои содржат висока киселост, а не со газираните пијалаци.“

Во студијата, во која учествувале повеќе од 1.000 мажи и жени на возраст од 18 до 30 години, истражувачите ја испитувале поврзаноста помеѓу оштетеноста на глеѓта до длабочина од 2 мм и внатрешната структура на забите со храната која ја консумирале учесниците.

Кај луѓето кои јаделе јаболка имало за 3,7 пати поголема веројатност за оштетување на забите, додека кај оние кои пиеле газирани пијалаци, немало таква опасност.

Консумирањето овошен сок ја зголемува за четири пати веројатноста за оштетување на забната глеѓ околу врвот на забите, близу коренот, а светлото пиво, кое е исто така кисело, ги зголемува шансите за забно оштетување за три пати.

Д-р Гленис Џоунс вели дека никој не треба да се обесхрабри од овие резултати и да престане да консумира овошје или овошни сокови. Таа сугерира да јадете јаболко во комбинација со млеко или парче сирење, бидејќи двете содржат калциум, кој ја неутрализира јаболковата киселина. Пиењето вода веднаш после грицкањето јаболко, е исто така од помош, бидејќи на тој начин „ќе се измијат“ штетните ефекти. Пиењето сок со цевка е уште еден начин за заштита на вашите заби, додава таа. Миењето заби пред да јадете храна која содржи киселини, исто така може да помогне, бидејќи обезбедува бариера помеѓу храната и забите.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. beti Reply

    gluposti

  2. Maci Reply

    Gluposti na kuben!

  3. Смајли Reply

    Не верувам..

  4. Игор Reply

    Насловот треба да гласи : Што се случува кога Coca-Cola ќе вмеша прсти во “научно истражување “

  5. @Nita Reply

    A na uciliste ne ucea pred spienje jabolko za zdravje i za cisti zabi,a vsusnost vistinata e deka kiselinata na jabolkata i od drugoto ovosje vlijae vrz rasipuvanje na zabite,a ne gi cisti.:)

  6. roza Reply

    Sekoj naucnik so svoja prikazna,a sekoja prikazna nova izmishljotina.uzivajte i pravete sto sakate,a za zabite si ima cetka i pasta ! 😀 bez toa jadel ne jadel isto ti e shtetno !:D

  7. NEeVazno Reply

    ma lazgi so opaski, ovoj ocigledno bil zaljuban vo coca-cola….

Остави коментар