Извонредните Валаманови водопади

Во самото срце на прашумата, низ малку накосена падина се извива Камениот поток, пробивајќи се низ испреплетените дрвја и грмушки. Од ниските палмови листови капе роса што се собира во текот на ноќта, а високо горе низ листовите се пробива утринското сонце. Насекаде во шумата се слушаат гласовите на какаду, што најавуваат уште дожд. Колку е побрз водотекот, толку во кривулестите води на потокот има повеќе вртлози.Извонредните Валаманови водопадиИзвонредните Валаманови водопадиОваа шума се наоѓа во источна Австралија во близина на градот Игнам. Потокот се спушта низ клисурата и паѓа во реката која е 278 метри пониско. Тоа се Валамановите  водопади – голема и тенка сребрена лента од вода. Камениот поток е еден од многубројните потоци што извираат на крајбрежјето на Северен Квинсленд и се влеваат во реката Херберт.Извонредните Валаманови водопадиИзвонредните Валаманови водопадиТука, на најјужниот агол од австралиската прашума, живеат повеќе растителни и животински видови отколку на кое било друго место. Најкарактеристични се заспаниот опосум, големата зелена гаталинка, како и питоните кои се долги по 20 метри.Извонредните Валаманови водопадиИзвонредните Валаманови водопадиИма и огромен број птици, инсекти и разни други животинчиња. Ова е земјата на клунарот, кој претставува цицач со големина на мачка што несе јајца. Тој е меѓу ретките цицачи што се размножува со јајца.Извонредните Валаманови водопадиИзвонредните Валаманови водопади
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар