Извонредниот живот на Крис Хедфилд во вселената

Канадскиот астронаут Крис Хедфилд ја напиша историјата оваа година, станувајќи првиот Канаѓанец кој раководеше со Меѓународната вселенска станица во експедицијата 35. Стана светски познат и поради неговите едукативни видеа во вселената. Тој преку страницата на Јутјуб на Канадската вселенска агенција се поврза со целиот свет, покажувајќи ни сите нам, колку бил различен неговиот живот во вселената од земјениот. Корисникот на Imgur TozzaG ги направил следниве гифови од видеата на Хедфилд, за да ни даде брз визуелен приказ на животот со 0 гравитација.

Зеленчуците ги имате во дехидрирана форма и треба да ги рехидрирате со специјална машина пред да ги јадете.(1) Извонредниот живот на Крис Хедфилд во вселенатаЦедењето мокра крпа е невозможно.(2) Извонредниот живот на Крис Хедфилд во вселената Кога прават сендвич, астронаутите се служат со тортиљи наместо со леб, бидејќи од нив не се ронат трошки.(3) Извонредниот живот на Крис Хедфилд во вселената Треба да бидете внимателни кога отворате конзерва со јаткасти плодови во вселената.(4) Извонредниот живот на Крис Хедфилд во вселената Има само еден начин да си ја скратите косата во вселената, а тоа е да користите специјална машинка со црево, кое ги вакумира поткастрените влакна, како правосмукалка.(5) Извонредниот живот на Крис Хедфилд во вселенатаПовеќето десерти наменети за јадење во вселената се во облик на пудинзи, спакувани во кесички.(6) Извонредниот живот на Крис Хедфилд во вселената Миењето на вашите раце без мијалник си бара користење на спакувана сапунеста вода, при што треба само да ја притиснете и да ја намачкате по дланките.(7) Извонредниот живот на Крис Хедфилд во вселената Астронаутите имаат специјално дизајнирани кеси за повраќање, кои ги употребуваат кога ќе им се слоши.(8) Извонредниот живот на Крис Хедфилд во вселената Не можете да употребувате вода додека се бричите, па затоа астронаутите користат специјално направена крема за бричење, која го спречува расфрлањето на влакната низ просторот.(9) Извонредниот живот на Крис Хедфилд во вселената Кога ги миете забите во вселената, единствениот начин да се ослободите од пастата во вашата уста кога ќе завршите, е да ја проголтате.(10) Извонредниот живот на Крис Хедфилд во вселената Не треба да плачете во вселената, бидејќи солзите едноставно ќе висат на вашето лице.(11) Извонредниот живот на Крис Хедфилд во вселената Кога ги сечкате вашите нокти во вселената , тоа треба да го правите над вентилациски канал, за да го спречите нивното разлетување низ просторот.(12) Извонредниот живот на Крис Хедфилд во вселената Спиењето во вселената подразбира влегување во специјална вреќа, со која потоа влегувате во мало купе, за да не летате низ воздухот. (13) Извонредниот живот на Крис Хедфилд во вселената За крај додадовме и едно видео во кое ултразабавниот Крис, објаснува како се извршуваат физиолошките потреби во вселената, без да летате над веце шолјата. :)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар