Извонредни фотографии и факти за горила

Извонредни фотографии и факти за горилата

Пред да ја спориме или одобруваме Дарвиновата теорија за еволуцијата, би било добро да се информираме и за горилата. 🙂 Следуваат неколку интересни податоци и одлични фотографии од овој, за жал, загрозен вид човеколики мајмуни…Извонредни фотографии и факти за горилата1. Горилата се најголемите преживеани примати во светот и најблиски „роднини“ на човекот, веднаш по шимпанзата (bonobo и common chimpanzee). Тие се фасцинантни животни со натпросечна интелигенција. Нивните изрази на лицето наликуваат на нашите. Нивната ДНК е од 95% до 99% слична со човечката.Извонредни фотографии и факти за горилата2. Тие се копнени и тревопасни животни, кои најмногу ги има во тропските шуми во централна Африка. Постојат три видови горила: западнонизински (централно и западноафриканските земји), источнонизински (источниот дел на Демократска Република Конго) и планински.

Од првиот вид има преку 100.000 единки кои живеат во дивината, а 4.000 во зоолошките градини низ светот. Од вториот вид пак, 4.000 се регистрирани во нивното природно живеалиште и 24 во зоолошките. И од третиот и најзагрозен вид, постојат само 620 и сите живеат во дивината, односно во планините, на надморска височина од 4.000 метри. Последниот вид е воедно и најголем од сите три.Извонредни фотографии и факти за горилата3. Возрасните мажјаци, кога ќе се исправат можат да достигнат висина до 1,75 метри, а женките до 1,4 метри, но реалната должина на нивните тела е многу поголема, бидејќи нозете им остануваат свиени. Постои значителна разлика и во нивната тежина. Женките тежат до 100 килограми, а мажјаците до 275 килограми, додека пак добро чуваните и хранети горила во зоолошките, достигнуваат тежина и до 350 кг.

Крзното им е главно црно, но со годините влакната на грбот кај повозрасните мажјаци стануваат сивкасти. Тие кај планинските горила се значително подолги од оние кај низинските. Челото на горилата е драстично испакнато.Извонредни фотографии и факти за горилата4. Горилата се движат на сите четири екстремитети, притоа потпирајќи се на средните прсти од предните екстремитети. Во вечерните часови тие прават гнезда за спиење од лисја и од гранки. Секоја вечер прават ново гнездо и за секое од нив трошат по околу пет минути. Планинските горила гнездата ги прават на земјата, а низинските во крошните на дрвјата.Извонредни фотографии и факти за горилата5. Тие најчесто живеат во групи од по еден мажјак, неколку женки и нивните млади. Но, понекогаш можат да се видат и повеќе мажјаци во една група, која во просек брои 15 горила. Премногу се ретки, но можат да се сретнат и групи од само два примата или од дури 30.

И онаму каде што живеат повеќе мажјаци, сепак во улога на лидер е само еден од нив, и само тој има право да се пари со женките. Лидерот е одговорен за безбедноста на сите во групата, за тоа каде ќе се движат и каде ќе преноќат.Извонредни фотографии и факти за горилата6. Движењето на групите е доста флексибилно, односно привремено се разделуваат во потрага по храна. За оваа цел, низинските горила се искачуваат на дрвја високи и до 20 метри. За разлика од другите видови примати, горилата можат и целосно да се одвојат од групата и да формираат нова.

Сепак, групите се долговечни и понекогаш доаѓа до борба меѓу мажјаците за позицијата на лидер. Ако победи нов мажјак, тој ги убива сите деца на неговите претходници, бидејќи женките не можат да се парат и не се плодни додека ги дојат нивните малечки.Извонредни фотографии и факти за горилата7. Кај горилата не е изразено територијалното однесување. Повеќе групи можат да бараат храна во една иста област, притоа избегнувајќи директен контакт едни со други. Со оглед на тоа што храната им се состои главно од лисја и овошје (во зависност од сезоната), потрагата не е долга и не опфаќа големи и далечни подрачја. Една од причините е тоа што лисјата ги има во изобилство, а другата тоа што тие имаат ниска хранлива вредност, па затоа горилата се принудени да ја минимизираат активноста.

Едно возрасно животно дневно може да изеде околу 25 килограми. Често лисјата ги голтаат цели за да ги уништат празитите. Несвесно јадат и инсекти, кои се наоѓаат во лисјата.Извонредни фотографии и факти за горилата8. Горилата произведуваат повеќе гласови, како за комуникација со членовите на групата, така и за да ги информираат другите групи за својата позиција или пак да изразат агресија.

За горилата е типично удирањето во градите. Порано се верувало дека тоа го прават само постарите мажјаци, но денес е познато дека го практикуваат сите горила. Најверојатно тоа им служи за обележување на местото на кое се наоѓаат или пак се работи за некој ритуален поздрав.Извонредни фотографии и факти за горилата9. Тие немаат фиксно одреден период за парење во годината. Бременоста кај женката трае од 8,5 до 9 месеци. Малечките се раѓаат тешки околу два килограми, но брзо се развиваат. Тие се многу ранливи и целосно зависат од грижата на мајката. Таа за своето бебе се грижи до неговата 4-та година, па потоа повторно се пари. Мажите не учествуваат активно во одгледувањето на младите. Горилата живеат до 50 години, а оние во зоолошките градини можат да доживеат и 54 години.Извонредни фотографии и факти за горилата10. Горилата е многу тешко да се припитомат. За да се постигне тоа, тие мора да живеат со човекот уште од раѓањето. Доколку доволно ги храните тие ќе бидат послушни, но ако не им се обезбеди доволно храна ќе подиват од глад.

На возрасните горила им е потребен голем простор, па затоа е невозможно да се чуваат во домашни услови. Како што стареат, желбата за слобода им е сè поголема. Затоа оние кои чуваат горила, кога ќе пораснат им ги препуштаат на зоолошките градини или ги враќаат назад во дивината.Извонредни фотографии и факти за горилата


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар