Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

За една анонимна талентирана или неталентирана личност да стане славна, понекогаш е неопходно да си го смени името за да биде подобро прифатена од пребирливата публика полна со предрасуди. Ова се триесетмина од нив кои се решиле на ваков чекор.

Мила Кунис

Таа е родена како Милена Марковна Кунис. Нејзините родители се доселиле од Украина во Лос Анџелес кога таа имала седум години.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Хоакин Феникс

Хоакин Рафаел Ботом/Лиф е третото од петте деца на двајца членови на култот Божји деца. Покрај него и останатите четири деца имале интересни и необични имиња: Река, Дожд, Слобода и Лето. Тој како млад го користел името Лиф (Лист) за да има слично име поврзано со природата како и неговите браќа и сестри.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Риси Витерспун

Риси е моминското име на мајка ѝ. Инаку таа се вика Лора Џин.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Кети Пери

Пред да го пее она што го пее денес, таа се бавела со христијанска музика под нејзиното вистинско име – Кетрин Хадсон.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Кристофер Вокен

Крстен е Роналд Вокен според актерот Роналд Колман. Наводно пејачката Моник фан Ворен, со која порано работел, почнала да го вика Кристофер без некоја посебна причина, а тоа останало. Најблиските пријатели сепак го викаат Рони.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Натали Портман

Натали Хершлаг не било атрактивно име за во филмската индустрија, па затоа си го сменила. Инаку татко ѝ е Израелец, па затоа и таквото родено име.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Лорди

Ела Марија Лани Јелич О’Конор е предолго за сценско име. Го избрала Лорди затоа што ѝ се чинело аристократски.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Луис Сикеј

Вистинското име на комичарот е Луис Сeкеј. Тоа е унгарско презиме кое решил да го смени во Сикеј (C.K.) заради проблемот кој луѓето често го имале во правилното изговарање.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Вупи Голдберг

Работела во театар под своето вистинско име Карин Илејн Џонсон. Колегите и пријателите забележале дека има проблем со подуеност и почнале на шега да ја викаат Вупи, според звукот што го испушта воздушното перниче. Голдберг го одбрала сама, а причината е тоа што сметала дека со еврејско име имала поголеми шанси за успех.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности

Дрејк

Обри Дрејк Греам не е баш некое име за хип-хоп сцената, па иако порано го користел името Обри Греам, денес попрактично му е да биде само Дрејк.

Изненадувачките вистински имиња на славните личности


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар