Измерете ги вашите раце и дознајте важни карактеристики за себе

Раширете ги прстите и потоа со помош на средниот прст и палецот, измерете ја својата подлактница, како што е прикажано на оваа слика, па погледнете што открива за вас должината на рацете.

Измерете ги вашите раце и дознајте важни карактеристики за себе

Луѓето со мали раце се склони кон поголеми ризици

Ако имате помали раце, тоа значи дека сте авантуристи, но исто така и великодушни личности. Што се однесува до односите со другите, вие сте драматични и експлозивни.

Малите раце исто така се одраз и на прагматичност

Вие се водите според логиката, а проблемите ги решавате веднаш, без да ги одложувате.

Ако имате големи раце, тоа значи дека сте перфекционист

Вие се фокусирате и на најситните детали, па поради тоа понекогаш сте бавни во извршувањето на задачите, но кога ќе ги завршите, никој не може да ви најде маана. Токму поради ова вашите шефови ве обожаваат!

Луѓето со големи раце се и чувствителни

Вие често претерувате со своите реакции, но барем сте свесни за оваа своја карактеристика и се обидувате да ја подобрите. Се грижите за своите блиски и честопати нивните потреби ги ставате пред своите.

И дланките исто така се важни

Ако дланката ви е четвртеста, вие сте одлични во работите кои бараат пресметки, свртени сте кон логиката и не верувате во интуиција.

Ако дланката ви е повеќе издолжена, во облик на правоаголник, тоа значи дека вие сте премногу чувствителни, но и личности со голем авантуристички дух.

Ако имате долги прсти, тоа значи дека сте многу љубопитни и создадени за лидерска улога.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар