Изберете слика и дознајте што ве чека во февруари

Погледнете го добро овој колаж и изберете ја сликата што најмногу ве привлекува. Зад секоја од нив се крие симболиката на Тарот карта, па вашиот избор ќе ви открие што можете да очекувате од февруари. Бидете подготвени и пречекајте го месецот без изненадувања!

izberete-slika-i-doznajte-shto-ve-cheka-vo-fevruari-www.kafepauza.mk

Слика број 1 – зад оваа карта се крие КРАЛИЦА

За вас февруари ќе биде месец на создавање. Кралицата симболизира плодност во сите видови креации и голема продуктивност. Од друга страна пак, овој месец можете да очекувате многу активности и дејства. На физичко нив, вие ќе имате многу енергија, ќе се грижите за другите, ќе можете одеднаш да завршувате многу обврски и ќе бидете добро организирани. Доколку ја погледнеме симболиката на внатрешно ниво, тогаш можете да очекувате многу нови идеи. Тие ќе бидат толку добри, што важно е да ги не ги оставите да стојат така, туку да ги реализирате.

Слика број 2 – зад оваа карта се крие УМЕРЕНОСТ

За вас февруари ќе биде месец на рамнотежа. Факт е дека имате премногу обврски, па ви недостасува правилно усогласување во животот. Во наредниот месец ќе мора да се позанимавате со овој проблем, доколку сакате да живеете поопуштено и посмирено. Потребно е да направите и некои компромиси, со цел да постигнете златна средина во својот живот. Имате тежок месец пред вас, но тоа е единствениот начин да создадете квалитетна иднина за себе и за своите најблиски.

Слика број 3 – зад оваа карта се крие ПРАВДА

За вас февруари ќе биде месец на правдини. Вие ќе постигнете вистински баланс во животот и постојано ќе работите на своето подобрување. Ќе ги решите сите оние процеси што одамна ви се недовршени и конечно ќе се соочите со самите себеси. Некои од вас ќе започнат сериозна врска (ако веќе сте во врска, ќе ги зајакнете односите со партнерот), а други пак би можеле да разрешат судски процес што долго се одвлекува. Многу вистини, исто така, ќе излезат на виделина во текот на овој месец – затоа и тој е толку важен за вас. Бидете искрени и храбри!

На кој цвет ќе слета пеперутката? Одговорот ќе ви ја открие вистината за вашата љубовна врска!


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар