Изберете карта и дознајте во која кариера ве очекуваат многу успех и пари

Воопшто не е лесно да ја најдете работата од соништата, па затоа и многумина немаат трпение да ја барат. Кога го правиме она што не го сакаме, освен што сме лошо расположение, секој ден ни е тежок. Зошто се случува ова? Можеби сте одбрале погрешна работа? Се сеќавате ли како воопшто сте ја нашле таа работа? Ако не сте сигурни која е вашата идеална професија, тогаш обидете се да ја откриете со помош на овој тест. Едноставно изберете ја картата што најмногу ве привлекува и прочитајте го објаснувањето.

izberete-karta-i-doznajte-vo-koja-kariera-ve-ochekuvaat-mnogu-uspeh-i-pari-www.kafepauza.mk

Карта 1 – Постојана активност

Вие сте авантуристи. Понекогаш делувате без потребната подготовка, но дури и тогаш се забавувате во својата работа. За вас клучен е ентузијазмот и сакате да бидете во центарот на вниманието. Морате да ја пронајдете работата што нема да ве изневери. Следете ја својата енергија. Потребна ви е работа со многу активности.

Професии: спортист, организатор на настани…

Карта 2 – Љубопитност

Вие сте љубопитна личност што обожава да шета и да експериментира. Поседувате силни квалитети, но тие не се комбинираат добро со другите луѓе. Сакате да се обидувате, да правите грешки и да научите нешто ново. Затоа и потребна ви е таква работа, како и околина во која ќе можете слободно да размислувате, да експериментирате и да зборувате.

Професии: научник, изумител, менаџер, продавач, истражувач…

Карта 3 – Креативен ум

Дали сакате сè што е ново? Вие сте креативна личност што обожава да ги руши сите стереотипи и сака да создава нови работи. Сакате да се изгубите во своите мисли каде што границите не постојат и каде што можете да создавате прекрасни работи. За вас е многу важно целосно да ги изразите своите мисли.

Професии: уметник, музичар, дизајнер, писател…

Карта 4 – Мирен ум

Вие сакате сè да планирате и имате константна потреба да управувате со луѓето и нештата околу вас. Вие сте реални и знаете како да слушате. Чувствувате дека сте успеале кога ќе го остварите својот план. Сакате да имате висока работна позиција, каде што ќе можете да организирате и да распоредувате. Вие ја цените тимската работа.

Професии: државен службеник, професор, канцелариски работник…

Не сте сигурни дали ј аимате кариерата од соништата? Проверете тука дали сте го згрешиле вашиот животен повик!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар