Изберете една слика и откријте што се крие во вашата душа

Изберете една слика и откријте што се крие во вашата душа

Група италијански психолози веќе десет години со помош на овој тест утврдуваат три доминантни човечки карактеристики. Тие се одраз на деветте димензии на личноста кои се користат за да се опише човечката личност. Од овие девет фотографии изберете една која најмногу ве привлекува. Немојте премногу да размислувате за вашиот избор, туку послушајте ја вашата интуиција за да добиете најточни резултати.

1-izberete-edna-fotografija-i-otkrijte-shto-se-krie-vo-vashata-dusha-www.kafepauza.mk_

Слика број 1:

Доминантни карактеристики: безгрижни, разиграни и весели

Сакате да живеете слободно и спонтано. Во сѐ што правите сакате да уживате колку што можете повеќе, бидејќи вашето мото е: „Живеј го животот со полни гради“. Многу сте љубопитни и отворени за сето она што е ново, па промените за вас се прилика да се развиете и да научите нешто ново. Најлошото нешто што може да ви се случи е да се почувствувате дека сте навлегле во рутина и дека не управувате со вашиот живот. Гледате на вашата околина како можност за постојани промени кои носат многу изненадувања.

Слика број 2:

Доминантни карактеристики: независни, неконвенционални и неограничени

Барате слободен живот во кој не сте врзани за вашата околина, што ви овозможува да го одредите сопствениот животен пат. Имате уметнички дух и тоа го пренесувате на вашата работа, како и на слободните активности. Вашата желба за слобода понекогаш резултира со однесување кое е потполно спротивно од она што се очекува од вас. Вашиот стил на живеење е многу индивидуален. Никогаш слепо не би го следеле она што е популарно, туку напротив, сакате да живеете во согласност со вашите сопствени идеи и уверенија, па дури и ако тоа значи да пливате наспроти плимата.

Слика број 3:

Доминантни карактеристики: интроспективни, чувствителни и рефлексивни

Насочени сте кон себе и кон вашиот внатрешен свет. Не поднесувате површност – попрво би биле сами, отколку во друштво каде што се водат површни разговори. Но, без разлика на вашите преференции, имате навистина цврст круг на луѓе кои ви овозможуваат внатрешен мир и стабилност која ви е потребна во животот. Сакате да минувате време сами со себе, секогаш наоѓате нешто што би правеле и ретко кога се досадувате.

Слика број 4:

Доминантни карактеристики: приземни, урамнотежени и складни

Сакате едноставен живот и сталожени љубовни односи. Луѓето ве сакаат бидејќи сте приземни и бидејќи се свесни дека секогаш може да се потпрат на вас. На блиските луѓе им влевате сигурност и им давате доволно простор за да се чувствуваат слободно и сакано. Вашата околина ве доживува како топла и емотивна личност. Не прифаќате ништо што ви изгледа нападно и банално. Скептични сте кон модните трендови, а облеката за вас е практичен дел од животот, која има цел да ве облече.

Слика број 5:

Доминантни карактеристики: професионални, прагматични и самоуверени

Вие самите управувате со вашиот живот, не верувате во виша сила или судбина, а вашата сигурност лежи во самодовербата која се темели на тоа дека сте свесни дека вие самите влијаете на сето она што ви се случува. Проблемите ги решавате едноставно и практично. Во секојдневниот живот сте реалистични, а пречките ги решавате едноставно и директно. На работното место имате голема одговорност, бидејќи луѓето се свесни дека сте доверлив и добар работник. Вашата самосвесност се гледа во секој ваш поглед, насмевка или збор и таа предност често ја проектирате и на другите. Не се задоволувате со просечно, секогаш давате сѐ од себе додека не ја постигнете зацртаната цел.

Слика број 6:

Доминантни карактеристики: мирни, дискретни и пасивни

Вашиот стил на живот е опуштен, но дискретен. Лесно создавате нови пријателства, а уживате и во својата приватност и независност. Одвреме-навреме сакате да се повлечете во самотија и да се посветите на вашето внатрешно јас, да размислувате за целта на животот. Потребен ви е простор, па често бегате од забрзаниот живот на осамени места кои ја враќаат вашата енергија, но тоа не значи дека сте самотник. Во мир сте со самите себе и со светот, односно знаете да уживате во сето она што животот ви го дава.

Слика број 7:

Доминантни карактеристики: аналитичари, доверливи и самоуверени

Вашите квалитети најмногу се покажуваат во способноста да видите убавина во секојдневните работи, и секако, да се опкружувате со тие моментални мали драгоцености, особено кога ќе видите дека другите ги занемаруваат. Културата игра посебна улога во вашиот живот. Сте го пронашле вашиот личен стил, кој е елегантен и ексклузивен, на кој не влијаат модните трендови. Идеалот, на кој го темелите вашиот живот е културно задоволство. Луѓето со кои се дружите мора да имаат одредено ниво на култура за да можат да ве следат во вашата константа потрага по убавина.

Слика број 8:

Доминантни карактеристики: романтични, сонливи и емотивни

Вие имате чувствителна природа. Одбивате да ги согледате работите само од практична, рационална страна. Посветувате иста количина на внимание на рационалното размислување и своите чувства, односно сметате дека е важно да имате соништа во животот. Не сакате да бидете во друштво на луѓе кои ја омаловажуваат романтиката и кои во животот се водени според рационалноста. Никому не му дозволувате да го ограничи широкиот спектар на вашите мислења и чувства.

Слика број 9:

Доминантни карактеристики: динамични, екстровертни и активни

Подготвени сте да прифатите одреден ризик и да се посветите на работите кои ќе ви овозможат занимлива и разновидна работа. Рутина ве парализира и тешко ги поднесувате ситуациите со малку возбуда или разновидност. Сакате да бидете активни во сето она што се случува околу вас и заради тоа често доаѓа до израз вашата карактеристика за иницијатор.

Време е за нов тест. Во кој од овие влезови најмногу се плашите да влезете?

1-vo-koj-od-ovie-vlezovi-najmnogu-se-plashite-da-vlezete-vashiot-odgovor-otkriva-mnogu-povekje-otkolku-shto-ochekuvate-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар