Истражувањата потврдуваат: Колку повеќе користите Фејсбук, толку полошо се чувствувате

Обемното истражување за среќата и користењето Фејсбук покажало дека со текот на времето, користењето на оваа социјална мрежа има негативно влијание на среќата на корисникот. Додека претходните истражувања пронашле поврзаност помеѓу овие две работи, тие сепак имале ограничени примероци, или пак се фокусирале на повеќе социјални мрежи.

istrazhuvanjata-potvrduvaat-kolku-povkje-koristite-fejsbuk-tolku-polosho-se-chuvstvuvate-kafepauza.mk

Извештајот од Фејсбук од 2017 година покажал дека просечен човек поминува околу 50 минути дневно на оваа мрежа. Други истражувања од оваа област, се фокусирале на техниките кои ги користи Фејсбук за да ја зголеми посетеноста на мрежата.

Биле испитани 5.208 луѓе во 3 разни групи (во 2013, 2014 и 2015 година) од САД. Секој корисник бил набљудуван по 2 години. Истражувањето било спроведено од Холи Шакја од Универзитетот во Калифорнија и Николас Кристакис од Универзитетот Јејл. Истражувањето потврдило дека оваа социјална мрежа има негативно влијание на здравјето на корисниците и дека честото користење ја влошува психичката состојбата.

Во просек, акциите како стискање „ми се допаѓа“, пишување статус или отворање линкови биле одговорни за намалување на менталното здравје за 5-8%. Истражувачите за да го забележат ова „здравје“ користеле прашалници за физичкото и менталното здравје кои испитаниците ги пополнувале.

„Забележавме дека и допаѓањето на туѓи објави, како и отворањето линкови покажале влошување на физичкото и менталното здравје, како и чувството на задоволство“, изјавиле Холи и Кристакис.

Овие резултати се разликуваат од претходните истражувања бидејќи откриле дека времето поминато на Фејсбук влијае на здравјето, додека другите истражувања се фокусирале на квалитетот. Опасноста од користењето на социјалните мрежи е тоа што корисниците веруваат дека имаат интеракција со други луѓе. Но всушност онлајн комуницирањето не ги овозможува истите работи како и комуникацијата во живо.

Дали знаевте дека луѓето кои ги објавуваат нивните физички активности на Фејсбук имаат психички проблеми?

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар