Истражувањата покажуваат: Жените трошат 6 месеци од животот одлучувајќи што да облечат

Истражувањата покажуваат: Жените трошат 6 месеци од животот одлучувајќи што да облечат

Според последните истражувања, жените поминуваат дури 17 минути дневно гледајќи во шкафчето со облека, а 62% од нив патат од добро познатиот излив на бес кој доаѓа со тврдењето дека „немаат што да носат.“ Во периодот од 18 до 60 години, жените поминуваат приближно 6 месеци на донесувањето одлука што да облечат.

Истражувањата покажуваат: Жените трошат 6 месеци од животот одлучувајќи што да облечат

Анкетата која ја спровел истражувачкиот тим на компанијата „Marks & Spencer“ открила дека повеќето жени ваквиот проблем го имаат поради фактот дека, наместо спротивното тврдење дека немаат што да носат, имаат премногу облека и имаат потешкотии да направат селекција.

На мажите не им е потребно многу време, но во просек поминуваат околу 13 минути дневно односно 3 дена годишно на одлуката што да облечат, а повеќе од 1/3 го имаат истиот проблем како и жените – излив на бес и лутина дека немаат што да облечат.

Истражувањето направено во рамките на оваа позната модна куќа било направено со цел да ги поттикне луѓето да ја донираат секоја облека која не ја носат и која само им зафаќа простор во шкафот. Според резултатите, просечниот шкаф содржи 152 парчиња облека, но од нив облекуваме само 44% т.е. помалку од половина. Околу 57 парчиња облека воопшто не ги облекуваме или ретко ги носиме, додека 11 парчиња стојат во шкафот со етикети.

Покрај тоа, една од 20 возрасни личности се жали дека нема што да облече еднаш неделно. Дури 15% од испитаниците изјавиле дека токму избирањето на облеката може да го уништи денот, додека еден од 10 доцни на работа поради таа одлука.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар