Истражувањата покажуваат: Луѓето што многу се проѕеваат имаат повисока интелигенција

Покрај многуте истражувања направени во врска со човечката интелигенција, една неодамнешна студија покажала дека луѓето што се проѕеваат пошироко имаат поголем мозок, како и покомплексни когнитивни функции, што значи дека навиката за длабоко и често проѕевање може повеќе да е одраз на вашата интелигенција, отколку на тоа дека не сте наспиени. Истражувачите од Универзитет во Њујорк ги испитувале врските помеѓу проѕевањето, тежината на мозокот и комплексноста на когнитивниот капацитет.

Истражувањата покажуваат: Луѓето што многу се проѕеваат имаат повисока интелигенција

Ова има смисла затоа што проѕевањето го лади вашиот мозок, обезбедувајќи повеќе свеж воздух за да ги извршува своите функции. Според тоа, поголемите мозоци, кои се поподложни на покомплексна размена на информации, ќе бараат повеќе проѕевања. Еден психолог од Универзитет во Њујорк, д-р Ендрју Галуп, открива дека најдолгите проѕевања кај животните биле набљудувани како комбинација од големина на мозокот (слоновите имаат најголем мозок) и комплексноста на структурата на невроните (човечкиот мозок).

„Ниту големината на телото, ниту анатомската структура не се карактеристични за проѕевањето – черепот и долната вилица ги поддржуваат овие ефекти, бидејќи горилите, камилите, коњите, лавовите, моржовите и африканските слонови имаат помало просечно проѕевање од луѓето. Наместо тоа, разликите во траењето на проѕевањето се директно поврзани со големината и комплексноста на мозокот, како и со бројот на кортикални неврони што се најзначајниот фактор“, вели д-р Галуп.

Иако на многумина им е познато дека проѕевањето е заразно, наодите на д-р Галуп во неодамнешната студија укажуваат на дека тоа дека заразна е само навиката, наместо присилното, односно задолжително проѕевање. При истакнувањето на своите откритија, д-р Галуп нагласува дека проѕевањето е здраво за мозокот, па без разлика од што е предизвикано, тоа е од суштинско значење за неговото ладење и забрзување на процесите.

Па, сега можете да се проѕевате гордо, знаејќи дека тоа ја одразува комплексноста на вашиот мозок!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар