Истражувањата покажуваат: Колку повеќе време поминувате со вашата мајка, толку подолго ќе живее таа

Една нова студија покажала дека со тоа што ќе ја поканите вашата мајка или баба на вечера, можете да ѝ го зголемите квалитетот на животот и истиот да ѝ го продолжите. Истражувачите од Универзитетот во Сан Франциско, Калифорнија откриле дека осаменоста игра голема улога во опаѓањето на расположението.

Истражувањата покажуваат: Колку повеќе време поминувате со вашата мајка, толку подолго ќе живее таа

Имено, студијата следела 1.600 возрасни лица, со просечна возраст од 71 година, па и покрај контролирањето на социо-економскиот статус и здравјето, осамените лица покажале повисока стапка на смртност. Речиси 23% од осамените учесници умреле во рок од 6 години по студијата, наспроти само 14% смртност забележана кај личностите кои повеќе се дружеле со своите деца и внуци.

„Потребата што ја имаме целиот наш живот – луѓе кои нѐ познаваат, нѐ ценат и кои ни носат радост, никогаш не исчезнува“, вели Барбара Московиц, социјален работник.

На постарите лица овие односи им се многу важни, толку многу што тие често бараат повеќе дружење отколку нивните деца, па и нивните внуци. Професорката Розмари Близер, вели:

„Тие се прилично толерантни на несовршеностите и особеностите на нивните пријатели, повеќе отколку младите возрасни. Многу повеќе пријателско искуство имате кога сте постари. Знаете за што вреди, а за што не вреди да се борите.“

Истражувањата покажуваат: Излегувањето и дружењето со постари личности им го продолжуваат нивниот животот

Покрај тоа што можете да ги поканите вашите мајка, татко, баба, дедо и другите постари роднини или пријатели во вашиот дом, исто така е важно да ги охрабрувате да се стремат да излегуваат од дома, со што ќе имаат повеќе начини да се дружат, да се повратат и да напредуваат. Поминувањето квалитетно време со вашите најблиски им помага ним, но исто така и вам ви носи некои придобивки. Тие добиваат секојдневно дружење и разговор, а вие ги слушате нивните приказни, ги добивате нивните прегратки, па дознавате и некои забавни семејни тајни.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар