Истражувањата покажуваат: Бабите имаат големи придобивки од чувањето на нивните внуци

Вработувањето дадилка за да ги чува вашите деца додека сте на работа, не е баш добра идеја. Покрај тоа што ќе имате дополнителни финансиски трошоци, децата нема да ја добиваат потребната љубов. За среќа, сите ваши грижи може да исчезнат ако ги оставите најмалите во безбедноста на нивната баба. Можеби ќе помислите дека ова на бабите ќе им создава непотребен стрес или непријатни ситуации, но сепак, повеќето би биле воодушевени да поминуваат повеќе време со своите внуци. Тие може да им помогнат да бидат посреќни, повесели и поенергични. Поврзувањето со најмладата генерација во семејството носи чувство на гордост и среќа.

Истражувањата покажуваат: Бабите имаат големи придобивки од чувањето на нивните внуци

Внуците нудат ментални здравствени придобивки

Се верува дека играњето со децата може да им го продолжи животниот век на бабите. Всушност, тоа може да игра важна позитивна улога во справувањето со болестите на мозокот. Додека тие поминуваат време со нивните внуци, всушност си помагаат во борбата против голем број проблеми со менталното здравје. Една интересна студија објавена во списанието Менопауза, открива дека бабите кои поминуваат време грижејќи се за своите внуци, покажуваат помал ризик од Алцхајмерова болест и други когнитивни пречки.

Еден тест за Алцхајмерова болест спроведен на жени на возраст помеѓу 57 и 68 години, ги поддржува овие тврдења. Оние кои постигнале најголем број поени биле оние кои барем еднаш поминувале време со своите внуци. Исто така било согледано дека редовната социјална интеракција може да им помогне на старите луѓе да останат ментално здрави и смирени. Една студија објавена во Зборникот на Националната академија на науките, открила дека старите луѓе кои поминуваат време сами, без семејни интеракции, страдаат од 26% поголем ризик за смрт во период од седум години.

Затворањето на генерацискиот јаз доведува до депресија

Денес, во многу општества ширум светот, старите луѓе имаат тенденција да живеат сами или со нивните партнери, наместо да останат заедно во едно големо семејство. Додека тие не зависат од нивните деца економски или социјално, создаден е голем генерациски јаз помеѓу бабите и дедовците, родителите и децата. Помала е веројатноста кај старите лица да се појави депресија доколку создадат посилни врски со возрасните внуци. Истражувачите од Институтот за стареење во Бостон колеџот анализирале податоци од 700 баби, дедовци и внуци во период од 19 години. Тие откриле дека колку што постоела посилна врска помеѓу нив, толку била помала и депресијата.

Истражувањата покажуваат: Бабите имаат големи придобивки од чувањето на нивните внуци

Фактори што може да ви помогнат да создадете посилна врска

  • Кога детето поминува повеќе време со неговите баба и дедо
  • Кога детето редовно контактира со бабата и дедото
  • Кога детето ги смета своите баба и дедо за огромна поддршка

Заедно со внуците, исто така и на бабите и дедовците им е потребна поддршка. Доколку тие добијат материјална поддршка, тогаш дури е и поголема веројатноста да се ослободат од депресијата. Главниот истражувач, Сара Мурмен, смета дека колку повеќе бабите и дедовците разменуваат емоционална приврзаност и поддршка со своите внуци, толку подобро е нивното физичко и ментално здравје. Грижењето за внуците им помага на постарите лица да не бидат осамени, а со тоа индиректно се намалува веројатноста за депресија и прерана смрт. Силната и здрава врска има користи и за двете страни.

Запаметете, таа е баба, а не дадилка!

Премногу поминато време, сепак, не е добро. Бабите кои трошеле пет дена во неделата или повеќе, грижејќи се за своите внуци, покажале помали резултати на тестот за Алцхајмерова болест. Во вакви случаи децата може да им бидат проблем, особено доколку се немирни и непослушни. Секако, времето кое децата ќе го поминуваат со нивните баби и дедовци треба да биде прекрасно искуство и за двете страни, а не непријатно. Еве неколку идеи во кои бабите и дедовците може да уживаат со своите внуци:

  • Прошетка во парк или природа
  • Заедничко читање книга
  • Запознавање со останатите членови на семејството
  • Посета на зоолошка градина
  • Практикување некое хоби
  • Кратко патување во друго место или град

Која активност и да биде изберена, тоа би било прекрасно искуство. Доколку растојанието помеѓу нив е поголемо, тогаш често треба да користат телефонски јавувања, социјални мрежи, Скајп или друг вид комуникација кој ќе одржува силна врска помеѓу нив.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар