Истражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат контрацептиви

Истражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат контрацептиви

Ако ви е непријатно да купувате кондоми, не сте сами. Најновите истражувања покажале дека сѐ уште владеат многу негативни емоции во врска со купувањето контрацептивни таблети и презервативи. За оваа студија биле испрашани 1.000 Американци и 1.000 Европејци, кои требале да одговорат како се чувствуваат кога треба да купат кондоми и какви се нивните навики околу тоа. Резултатите покажале дека сѐ уште ни е незгодно да го правиме тоа, што укажува на голем проблем.

Истражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат презервативи

„Иако се смееме кога ќе чуеме како некој разговара за лубриканти и кондоми на каса, нашата одбивност кон купувањето средства за заштита на сексуалното здравје воопшто не е за смеење. Половина од бременостите се непланирани, а бројката на луѓе заболени од ХИВ се има зголемено дури за 73% во последните 10 години“, објаснил еден од истражувачите.

Колку и да сакаме да се исмеваме поради тоа што зацрвенуваме кога купуваме кондоми, станува збор за сериозен проблем кој може да предизвика сериозни последици. Ова се резултатите од истражувањето:

Купувањето секс играчки не е толку страшно

Истражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат контрацептиви

Околу 41% од мажите и жените биле возбудени кога требале да купуваат секси долна облека и лубриканти. Но, на 21% од нив им било непријатно, а 20% се чувствувале засрамено. Неколкумина изјавиле дека тоа им предизвикува анксиозност. Тоа значи дека дури и забавната страна на сексот може да предизвика стрес.

Купувањето контрацептиви е многу пострашно

Истражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат контрацептиви

Кога станува збор за купувањето контрацептиви, само 20% од жените и 28% од мажите биле возбудени поради тоа. На сите други им било непријатно. 80% од жените и 72% од мажите се чувствувале чудно, засрамено и нервозно. Загрижувачко е тоа што толку многу луѓе се чувствуваат вака во врска со нешто што може да влијае на нивното здравје.

Мажите и жените имаат различни стравови

Истражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат контрацептиви

Интересно е тоа што на мажите им било непријатно да купуваат кондоми од жени, а жените се плашеле од помислата дека ќе треба купат контрацептиви од некој познајник.

На сите им се случило да избегаат од продавниците без да купат контрацептиви

Истражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат контрацептиви

Луѓето на возраст од 45 до 54 години најмногу бегале од продавниците за да го одбегнат контактот со продавачите, но кај сите возрасни групи постојат вакви „бегалци“.

Сите ја користат истата техника за да скријат што купуваат

Истражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат контрацептиви

41% од мажите и 46% од жените купуваат кондоми со тоа што ги ставаат на касата со предната страна свртена надолу, за другите луѓе да не можат да видат што купиле.

Луѓето се подготвени да отпатуваат на подалечно место за да купат презервативи

Истражувањата откриваат: Премногу луѓе се чувствуваат непријатно кога купуваат контрацептиви

Најголем број од хомосексуалците и бисексуалците купувале кондоми од подалечно место за да ја одбегнат можноста да налетаат на некој познајник, од очигледни причини. Но, речиси 20% од хетеросексуалците го правеле истото.

Купувањето презервативи сѐ уште е табу тема, но тоа мора да се смени што е можно побрзо бидејќи соодветната заштита е најважна за нашето здравје. Нареден пат кога ќе купувате кондоми, насмејте се и гордо кренете ја главата.

За да имате безбедни сексуални односи, прочитајте ги и овие 10 заповеди за кондомите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар