Истражувањата ни покажуваат дека растењето во сиромаштија го менува мозокот на децата

Истражувањата ни покажуваат дека растењето во сиромаштија го менува мозокот на децата

Не би требало да е тешко да се биде дете. И покрај тоа што работата на родителите е да се грижат за своите деца, понекогаш може да биде исклучително тешко за семејствата кои живеат во сиромаштија да ги задоволат потребите на своите најмали. Несигурноста при здравата исхрана, медицинската грижа, па дури и самиот дом не само што е стрес за родителите, туку има огромно влијание и врз самите деца. За жал, една неодамнешна студија ни открива дека детето кое расте во сиромашна околина поседува неколку недостатоци кои понатаму можат да водат до поголеми проблеми во неговиот живот.

Истражувањата ни покажуваат дека растењето во сиромаштија го менува мозокот на децата

Студијата која била објавена во „The American Journal of Psychiatry“ ни открива дека растењето во сиромаштија го менува мозокот во 2 клучни области: хипокампусот – кој е одговорен за сеќавањата и учењето, како и амигдалата – која ги регулира емоциите и стресот. Ова води кон помало академско достигнување кај посиромашните деца, но и кон поголема шанса за развивање одредено психолошко нарушување, како депресијата, дури и во периодот пред тие да станат тинејџери.

Истражувачите го скенирале мозокот на неколку деца од претшколска возраст и потоа го следеле нивното ментално здравје во текот на наредните 12 години.

„Нашето истражување ни покажува дека анатомијата на мозокот може да изгледа сосема различно кај сиромашните деца, така што големината на хипокампусот и амигдалата постојано се менува додека тие растат“, вели водечкиот автор на оваа студија, Деана Барк. „Ние откривме дека начинот на кој овие структури се поврзуваат со останатиот дел од мозокот се менува на начини на кои би рекле дека се помалку од помош при регулирање на емоциите и стресот.“

Од друга страна пак, една сосема неповрзана студија која била објавена во декемврискиот број на „Psychological Science“, ни открива дека негативните ефекти на сиромаштијата се толку високи, што дури можат да надвладеат и над веќе постоечки генетски предности кои детето може да ги поседува. Во оние држави каде што постојат покомплетни социјални програми кои се грижат за основните потреби на децата, се отстранува голем дел од дневниот стрес кој доаѓа со живеењето сиромашен живот, но за жал ова се случува во многу малку места од светот.

Мозокот на децата е на некој начин флексибилен, што значи тие се подготвени да се менуваат и адаптираат. Ова се забележува и преку нивната леснотија да учат во првите години од животот. За жал, растењето во стресни услови негативно ги променува овие структури кои се клучни за предвидување успех. И покрај тоа што авторите на студијата не нашле начини да компензираат за разликите кои се јавувале во големината на хипокампусот и амигдалата кај различни деца, тие тврдат дека моментално не постои начин да се „поправат“ овие намалени врски.

Децата кои растат во вакви услови најверојатно нема да го добијат потребното образование за да ги надминат нивните околности и затоа имаат големи шанси да го продолжат истиот циклус и со своите деца. Но, бидејќи сега научниците знаат како животот во сиромаштија влијае врз децата, тие можат да предложат различни програми со кои би се намалил овој ефект и ќе им се овозможи на сите деца подеднакво иста шанса за светла и среќна иднина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар