Исповеди на келнерите: Зошто понекогаш „не“ нè слушаат кога ги викаме?

Келнерите на социјалната алатка Whisper ни ги откриваат своите мрачни тајни. Се чудите зошто имате малку компирчиња во порцијата? Зошто салатата испадна малку „солена“ на сметката? Што зборува персоналот кога ќе влезе во кујната? Еве ги одговорите…

ispovedi-na-kelnerite-zoshto-ponekogash-ne-ne-slushaat-koga-gi-vikame-kafepauza.mk

Јас сум келнерка и ако не ми се допаѓаат луѓето на мојата маса се преправам дека не ги слушам кога ме викаат.

Јас работам во ресторан и кога некој ќе ја врати храната зашто била „премногу изладена“ ние не правиме нова, само ја пикаме во микробрановата.

Јас сум келнер и секогаш посакувам девојките да ми го оставаат нивниот телефонски број наместо бакшиш.

Јас сум послужувач и да, зборуваме за вас кога ќе влеземе во кујната. Ако мислите дека ве мразиме, да, така е.

Јас сум послужувач и кога ќе ми побараат диетален дресинг, секогаш им носам обичен. Ако навистина сте на диета, не би нарачувале дресинг воопшто.

Имам обичај да ги јадам остатоците од храна што ги оставаат муштериите во ресторанот во кој работам.

Сакам да сум поднапиена кога сум на работа. Јас сум келнерка и ова го правам за да изгледам посреќно и поуслужливо.

Јас сум келнерка во бар и кога ќе забележам дека муштериите се премногу пијани, „заборавам“ да им го вратам кусурот.

Јас сум универзитетски професор кој навечер работи како послужувач со цел да ги вратам студентските кредити. Кога ми доаѓаат студенти, се кријам.

Служам во ресторан и понекогаш кога муштериите ќе ме прашаат за некоја салата им кажувам дека чини повеќе за да не морам да им ја направам.

Јас сум келнер и јадам по некое компирче од секој помфрит што го послужувам.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. fghjkl; Reply

    bravooooooooooooo :)

Остави коментар