Исповед на еден маж кој се обидел да ѝ одржи лекција на неговата девојка

Велат дека мажите многу се разликуваат од жените, особено кога се работи за сексуалните потреби. Оттаму и потекнува изреката дека мажите се од Марс, а жените од Венера. Освен тоа, владее општото мислење дека мажите размислуваат со нивниот полов орган, а жените со нивното срце. Токму поради овие разлики честопати доаѓа до конфликти меѓу двата пола. Дали се работи за стереотипи или пак навистина е така и во реалноста? Прочитајте ја исповедта на овој маж, кој на досетлив начин се обидел да ѝ одржи лекција на неговата незадоволна девојка…

Исповед на еден маж кој се обидел да ѝ одржи лекција на неговата девојка

Минатата недела си легнавме со мојата девојка и почнавме да се бакнуваме и галиме. Мојот сексуален апетит сѐ повеќе растеше, кога таа одеднаш ми кажа:

„Не сакам сега. Можеш ли само да лежиш до мене и да ме гушкаш?“

Јас се зачудив и ја прашав:

„Што?! Злато, зошто правиш сега вака?“

Таа ми одговори со најлошите можни зборови кои се кошмар за секој маж што постои на планетава:

„Ти мене ме гледаш само како сексуален предмет за задоволување на твоите физички потреби. Воопшто не се грижиш за она што се случува во моето срце и душа и за моите емоционални потреби како жена. Зошто не можеш да ме сакаш поради тоа што сум, без оглед на тоа што се случува во спалната соба?“

Не кажав ништо, но ја разбрав пораката: Нема да ми се „посреќи“ вечерта. Па, затоа се свртев и заспав. Наредниот ден, решив да земам слободен ден за да поминам некое време со неа. Имавме прекрасен појадок и отидовме во некој огромен шопинг центар со еден куп различни продавници.

Таа одеше од една во друга продавница, пробуваше скапа облека, а јас цело време бев покрај неа. Кога не можеше да се одлучи кое парче облека да го купи, ѝ велев да ги земе сите. Посака и чевли кои ќе одговараат на секој од новите фустани, а јас само се согласував со неа и ја охрабрував да земе сѐ што ќе посака. Потоа отидовме и во златара каде што таа си одбра дијамантски обетки.

Беше многу возбудена. Веројатно си мислеше дека толку многу сум се вознемирил од разговорот претходната вечер што сега очајно се обидувам да ги поправам работите. Претпоставувам и дека намерно претеруваше, бидејќи сакаше да купи тениски рекет иако никогаш не играла тенис. Можеше да се забележи нејзиниот возбуден сјај во очите секогаш кога ќе кажев: „Супер е тоа злато, земи го задолжително!“.

По некое време изгледаше како да го достигнува врвот на сексуалното задоволство. Широка насмевка го украси нејзиното лице и таа тивко проговори:

„Мислам дека тоа е сѐ… Срце, може да одиме на каса.“

Одвај чекав да дојде овој момент! Конечно со лошо скриена нетрпеливост ѝ одговорив:

„Не, злато, не сакам сега!“

Кога го слушна тоа, девојка ми целосно го промени нејзиниот изглед, вилицата буквално ѝ падна и со рапав глас успеа да изусти:

„ШТО?!“

Тогаш ѝ го реков следново:

„Љубов, јас само сакав да го подржиш сето ова во твоите раце, но мислам дека ти не се грижиш за моите финансиски можности како маж, туку мислиш само на твоите потреби како жена!“

Токму тогаш кога помислив дека ќе ме убие, додадов искрено:

„Зошто не можеш да ме сакаш поради тоа што сум, а не поради работите што ти ги купувам?“

Имам чувство дека и вечерва нема да ми се „посреќи“.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар