Искомпонирајте уникатна музичка честитка за вашите пријатели

Во период кога од сите страни фрчат новогодишни честитки, полнејќи ги поштенските, но многу повеќе електронските сандачиња, треба да смислите навистина креативен начин на посакување среќни празници за да се истакнете меѓу останатите.

Incredibox ви нуди одлична можност за тоа. Тоа е сервис кој вклучува предефинирани музички ритми, мелодии, испеани исечоци и ефекти, кои имате можност да ги миксате како сакате и скоро секогаш ќе добиете одличен резултат. Ликовите се моментално во новогодишно расположение, со црвени капи, па вашето музичко дело и одлично ќе изгледа и со сигурност ќе ги расположи вашите пријатели. И не само тоа, тек кога тие ќе се заиграат, на креативноста и забавата нема да може да ѝ дојде крај.

Искомпонирајте уникатна музичка честитка за вашите пријатели

Клик на сликата и почнете да компонирате!

Алатката е многу лесна за управување: влечете ги саканите звуци, додавајте нови, отстранувајте ги оние кои не се вклопуваат во вашата композиција, паузирајте ги и повторно вклучувајте ги, а кога добро ќе се извежбате, стиснете го копчето Rec и храбро снимете ја вашата уникатна новогодишна честитка. На крајот посветете ја и испратете ја по имејл или пак развеселете ги сите ваши пријатели на социјалните мрежи споделувајќи го делото директно на вашите профили.

Еве како звучи најдобрата музичка композиција креирана на Incredibox:



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар