Интересно пријателство меѓу мрмот и мало момче

Алпските мрмоти не сакаат многу да се дружат со луѓе. Кога ќе сретнат човек тие најпрво даваат знаци на предупредување, но ако човекот не се повлече тогаш им даваат знаци на другите мрмоти од својата група да се оддалечат оттаму. Пријателство со луѓе – никако. Но, приказната на малиот Матео Валх е спротивна на тоа.

Интересно пријателство меѓу мрмот и мало момче

Штом го здогледаат него како се шета по ливадите, малите симпатични суштества веднаш се стрчуваат кон него. Неговото семејство било на прошетка во Грослокер на Австриските Алпи и оттогаш тој има некоја посебна врска со нив. Затоа се враќаат таму секоја година.

„Тој ги сака овие животни, а тие не се плашат од него затоа што тој има чувства кон нив и тие го разбираат тоа. Одиме таму секоја година и се задржуваме по две недели. Неверојатно е да се гледа врската помеѓу него и неговите пријатели од животинскиот свет,“ вели неговата мајка.

Интересно пријателство меѓу мрмот и мало момче Интересно пријателство меѓу мрмот и мало момче Интересно пријателство меѓу мрмот и мало момче Интересно пријателство меѓу мрмот и мало момче Интересно пријателство меѓу мрмот и мало момче Интересно пријателство меѓу мрмот и мало момче Интересно пријателство меѓу мрмот и мало момче Интересно пријателство меѓу мрмот и мало момче Интересно пријателство меѓу мрмот и мало момче


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар