Интересно истражување: Што открива за вас вашата насмевка?

Интересно истражување: Што открива за вас вашата насмевка?

Насмевката има моќ и најмрачниот ден да го направи светол и радосен, па не е ни чудно што истата може да открие многу за вас и за вашиот карактер. Од друга страна пак, со насмевката им покажуваме на другите како се чувствуваме, но исто така и можеме да откриеме како им е ним.

Експертите открија: Како насмевката може да открие многу нешта за вас?

Земете за пример само како насмевките на луѓето кои ги среќаваме секојдневно можат многу да ни кажат за нивната моментална состојба. Но, има ли и други скриени значења зад насмевките или пак сè е тоа субјективна интерпретација?

Најпрво, карактеристичната насмевка што ја има секоја личност е нешто што се нарекува „Душенова насмевка“. Во овој контекст, „карактеристична“ се однесува на насмевката која реално и природно се појавува на лицето кога личноста е среќна и задоволна.

Терминот „Душенова насмевка“ доаѓа од името на францускиот невролог Гијом Душен, кој во 19-ти век ги проучувал изразите на лицето и нивната психологија. Тој открил дека препознатливата насмевка потекнува од намерните и спонтаните контракции на два различни мускула на лицето, односно јаболкниците и очите и аглите на усните.

Многумина се согласуваат дека е лесно да се препознае дали некој се смее вистински, од срце, само по брчките што се појавуваат околу очите, особено оние на надворешниот агол. Но, дали е навистина толку лесно? Погледнете го ова видео и тестирајте ја вашата способност да направите разлика помеѓу вистинска и лажна насмевка.

Истражувањата, исто така, покажале дека насмевката, заедно со сите фацијални експресии, може да открие многу интересни нешта поврзани со карактерот на личноста, па дури и да предвидат колку ќе биде успешен животот во иднина. Студијата била објавена во 2001 година во списанието „Personality Processes and Individual Differences “. Но, што уште може да се дознае за една личност врз основа на тоа како се смее?

Ешли Еделстајн e лиценциран терапевт кој работи со тинејџери, парови и млади. Таа открива дека како дел од нејзината работа е и „ловењето“ на визуелните знаци на клиентите, меѓу кои и смеењето.

„Некои луѓе го даваат своето срце на рака, но има и такви кои природно се интровертни и малку откриваат за себе. Некои добро ги кријат вистинските чувства зад насмевка, но ние најчесто можеме да почувствуваме дека нешто не е како што го гледаме“, вели Еделстајн.

Таа додава и дека природната и искрената насмевка вклучува многу повеќе од развлекување на усните и дека очите се токму оние кои ќе ги издадат вистинските чувства.

Затоа и во принцип е доста лесно да се забележи дали некој ја глуми насмевката.

„Сите можеме да препознаеме лажна насмевка: развлечени усни, целосно покажани, но стиснати заби, без радост во очите“, изјавила Еделстајн, додавајќи дека токму од ваквиот израз на лицето може да се добие јасен знак за нечиј тензичен, тежок и неискрен темперамент.

Кога насмевката доаѓа природно, особено кога е широка, таа дава чувство на пристапност и допадливост, често покажувајќи дека се работи за порелаксиран тип темперамент. Оние кои се смеат со затворена уста оддаваат впечаток на љубезни и професионални личности, но во социјални ситуации може да испратат порака на затвореност и непристапност. Широката насмевка, позната како „од уво до уво“, укажува на самодоверба.

2-ekspertite-otkrija-kako-nasmevkata-moze-da-otkrie-za-vas-kafepauza.mk

Еделстајн додава и дека игривата полунасмевка оддава исто така игрив, некогаш и благо провокативен темперамент.

Сепак, овие откритија не треба да влијаат на тоа да размислуваме како се смееме и што тоа им покажува на другите. Информациите наведени во оваа статија не се наменети за менување на начинот на кој некој се смее, бидејќи секако, секоја личност има свој карактеристичен и уникатен начин на смеење, по кој другите проценуваат какво е неговото расположение.

Она што треба да го запаметите е овој едноставен совет на авторката Даниел Радин: Никогаш не задржувајте ги во себе позитивните вибрации, без разлика каде сте или со кого зборувате.

Вашата препознатлива насмевка секогаш ќе им пренесе позитивна порака на луѓето околу вас, особено на работното место. Насмејте се, за да го подигнете нивото на самодоверба, во ситуации кога истата ви е најпотребна на професионално поле.

Радин изјавува дека многу луѓе сметаат дека не треба да се смеат за време на интервјуата за работа, но токму насмевката може да биде знак дека се работи за кандидат кој е расположен да соработува ефективно со своите колеги.

За крај, најважно е да запаметиме само едно: Насмевката е онаа која го прави нашиот изглед целосен!

Љубезност, искреност и насмевка: 20 нешта што ќе направат да изгледате неодоливо!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар