Интересни сознанија за човечкиот организам

Истражувачите од Универзитетот во Лондон и Универзитетот Милано-Бикока од Италија, дошле до интересни сознанија поврзани со човечкиот организам. Тие докажале дека, она во што гледате, значително влијае на јачината на болката што ја чувствувате. Ако гледате во раката додека ви вадат крв или ве вакцинираат, ќе почувствувате помала болка, отколку ако ја завртите главата на друга страна.

Интересни сознанија за човечкиот организам

Истражувачите вршеле испитувања на група доброволци на кои рацете им ги изложувале на висока температура, до граница на издржливост. Оние кои својата рака ја гледале во огледало, можеле да издржат за три степени повисока температура од оние чија рака била скриена. Кога раката ја гледале во огледало што зголемува (конкавно), толеранцијата на болка дополнително се зголемувала.

Освен тоа што истражувачите откриле на кој начин мозокот ја процесира болката, тие се надеваат дека овие истражувања во иднина ќе помогнат во лекувањето на пациенти кои патат од хронични болки.

Еве уште неколку интересни сознанија поврзани со човечкиот организам:

Десното уво за прислушување

Левото уво подобро препознава музика, но ако сакате да чуете нечиј разговор, користете го десното, бидејќи тоа е надарено да препознава говор, тврди Дејвид Гифин, истражувач од универзитетот во Калифорнија.

Интересни сознанија за човечкиот организам

За успех е важно добро да се наспиете

Тоа што ќе го прочитате пред спиење подобро и подолго се помни, бидејќи во текот на сонот меморијата се засилува, вели Кенди Хејмгартнер, познат научник. Па затоа, ако треба да научите некој говор, задолжително прочитајте го пред спиење.

Полесно до тоалет со фантазија за секс

Ако морате да одите во тоалет, а во близина го нема, мислете на секс. Тоа ќе го намали непријатното чувство бидејќи ќе го окупира мозокот (и уринарниот систем), вели американскиот специјалист уролог д-р Лери Липшалц.

Интересни сознанија за човечкиот организам

Со стегање на мускулите се штитат очите и видот

Кратковидоста не е наследна, велат стручњаците, туку најчесто е предизвикана од предолго гледање во монитор. Со наизменично стегање и отпуштање на мускулите на телото, се одмораат очите и се вежба видот.

Со надразнување на вистинските нерви полесно се дише

Стимулирањето на нервите во увото доведува до создавање рефлексно надразнување, кое може да предизвика грч на мускул во грлото, вели американскиот оториноларинголог Скот Шафер. Ваквиот грч го олеснува грепкањето и скокоткањето во грлото.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ружица Reply

    јас ке го дадам и следново што се оденсува за успехот и доброто спиење , дека треба и книгата(говорот)да се стави под перница:D

  2. trajce Reply

    hehe ruzica ovaa sto ti go kaza deka knigata da se stavi pod pernica tatko mi mi go velese porano demek taka pravel on pred 30 god 😀

Остави коментар