Интересни магнети за фрижидер

Овие интересни магнети можат да ви дојдат како интересен нов детаљ во вашата кујна. Нивната практичност секогаш може да ви послужи за да не заборавите нешто или пак за да им оставите порака на вашите најблиски. Следниве неколку креативни магнети ќе ве воодушеват, а најдоброто од сѐ е што доколку ви се допаѓаат, можете веднаш да си порачате некој од нив преку интернет.
Интересни магнети за фрижидерМагнетите во облик на ајфон апликации имаат двојна примена. Покрај основната и естетската, нив ќе можете да ги искористите и како потсетник за вашата наредна активност (готвење, телефонски повик, читање весник и слично). Сетот со магнети ќе биде ваш за 12, 36 долари.
Интересни магнети за фрижидер
Нинџа ѕвездичките се навистина несекојдневен и впечатлив додаток за вашиот фрижидер. Иако чинат 18 долари, вредат да се имаат.
Интересни магнети за фрижидерИнтересни магнети за фрижидерИнтересни магнети за фрижидерОвој стилски магнетен календар е направен од дизајнерот Серхиј Чеботарјов. Лесно приспособливиот календар, ќе ви овозможи потенцирање на важните датуми и лесно планирање на работните обврски.
Интересни магнети за фрижидерИнтересен дизајн за сите љубители на филмот „Војна на Ѕвездите“. Дел од ликовите изработени во лего стил, отсега ќе можат да го красат вашиот фрижидер. Цената на овие магнети е 24, 5 долари.
Интересни магнети за фрижидерДигиталната фото рамка е одлично и впечатливо парче, кое ќе ве потсетува на убави моменти и спомени кои сте ги овековечиле со фотографии. Откако ќе ги внесете сликите во мемориската картичка на рамката, тие ќе се вртат една по друга, во вид на слајд шоу. Чини нешто повеќе од 34 долари.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар