Интересни и необични факти за кучињата

Кучињата и луѓето живеат заедно повеќе од 15.000 години и затоа можеби мислите дека ги познавате многу добро. Но, постојат многу работи поврзани со нив кои не се толку многу познати… Погледнете ја оваа кратка листа на интересни и необични факти за најдобриот пријател на човекот, која ќе ве запознае малку подобро со кучињата:

Интересни и необични факти за кучињата

Kучињата можат да намирисаат одредени човечки болести – Ако имате рак, дијабетeс или епилепсија, вашето куче прво ќе дознае. Студиите покажале дека кучињата кои се тренирани да откриваат различни видови рак, во тоа успеваат намирисувајќи ги абнормалните клетки во човековото тело. Исто така тие се и од голема помош кога треба да предупредат за многу ниско/високо ниво на шеќер во крвта. Што се однесува до епилепсијата – тие успеваат да ја забележат и до 45 минути пред нејзиниот почеток.

Но, тие можат и да се разболат од нашите болести – Ние не сме многу поразлични од нив кога се работи за разболување. Околу 6 милиони кучиња на годишно ниво се дијагностицирани со рак. Исто така тие можат да добијат болест на мускулите, која им оневозможува да се движат.

Интересни и необични факти за кучињата

Питомите и мирни кучиња живеат подолго Една студија во 2010 година покажала дека агресивните кучиња кои активно го живеат својот живот, живееле пократко од оние кои биле мирни и послушни.

Имаат интелигенција како 2-годишно дете – Одредени раси како бордер коли, пудлица, германски овчар, златен ретривер и доберман најбрзо сфаќаат и најдобро учат нови работи и трикови.

Интересни и необични факти за кучињата

Кучињата знаат да бидат завидливи – тие совршено добро знаат кога не се третирани на рамноправен начин со некое друго куче или личност. Една студија во 2008 година покажала дека кучињата што забележале дека се помалку наградувани за некој трик кој го прават подобро од други кучиња, тие се налутуваат и почнуваат да го избегнуваат нивниот поглед. Исто така и прекинувале да го прават трикот толку добро како претходно…

Но, не чувствуваат вина – Познатиот кучешки поглед со тажни и широко отворени очиња откако ќе ги искарате, не значи дека тие се каат за стореното лошо дело – тие на тој начин само реагираат на вашите зборови. Една студија покажала дека доколку неправедно ги обвините, тие имаат уште „повиновен“ поглед, што значи дека тоа е едноставно нивниот начин на внимателно слушање.

Интересни и необични факти за кучињата

Кучињата се најразновидните цицачи на планетата – Некои видови кучиња толку многу се разликуваат помеѓу себе, што изгледа како тие воопшто и да не се припадници на истата раса. Оваа разновидност е совршена за научниците кои ги истражуваат гените…

Позитивните ефекти од чување куче – Во минатото, кучињата имале и улога на спиритуални водачи. Денес тие најмногу се гледаат како домашни миленичиња. Но, сепак има безброј причини зошто е добро да се чува куче. Тие можат да ви помогнат со сите видови психолошки проблеми, да ви го намалат нивото на стрес, па дури и да ви помогнат да запознаете нови пријатели.

Интересни и необични факти за кучињата

Негативните последици од чување куче – Сите сме слушнале дека устата на кучето е почиста од нашата (тоа не е баш вистина), но тие сепак можат да бидат носители на некои патогени кои се многу штетни за луѓето. Беснилото е најпознатата болест од овој вид. Исто така кучешката храна може да биде носител на бактеријата салмонела. Но, еден од најзастрашувачките е паразитот „Toxocara canis“ со кој можете да се заразите преку обично галење на кучето. Овој паразит ако се смести позади очите, со тек на време предизвикува слепило. Но, сепак со редовна посета на ветеринар можат да се избегнат сите овие лоши ситуации.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар