Интересни Гинисови рекорди #2

Ако ги прочитавте овие Гинисови рекорди, време е за уште една тура интересни и екстремни достигнувања.

100 метри на патека со препреки, со пераи

Интересни Гинисови рекорди #2Мерен Зункер од Германија е најбрзата жена која истрчала 100 метри со пераи, за само 22,35 секунди на 13 септември 2008 година.

Најмногу луѓе облечени како штрумфови

Интересни Гинисови рекорди #2На фестивалот Muckno Mania во Монаган, Ирска, на 18 јули 2008 година, 1.253 луѓе се облекле како штрумфови.

Најголемата топка од гумени ластичиња

Интересни Гинисови рекорди #2Џоел Ваул од Америка е креаторот на ова дело. Оваа најголема гумена топка тежи 4.097 кг. Измерена е на 13 ноември 2008 година.

Најголемото џебно ноже

Интересни Гинисови рекорди #2Најголемиот џебен нож во светот е висок 3,9 м и тежи 122 кг. Ножот е дизајниран од Телмо Чадавес од Португалија, а рачно изработен од Виргило, Раул и Мануел Пирес исто така од Португалија на 9 јануари 2003 година.

Најтешкиот лимон

Интересни Гинисови рекорди #2Најтешкиот лимон во светот тежи 5,265 кг. Одгледан е во Израел на фармата на Kfar Zeitim, на 8 јануари 2003.

Најмногу кригли со пиво, носени на 40 метри, од жена

Интересни Гинисови рекорди #2Анита Шварц од Германија, на 9 ноември 2008 година ја доби Гинисовата награда за носење најмногу крилги со пиво (19), на патека долга над 40 метри.

24 часа на моноцикл

Интересни Гинисови рекорди #2Сем Вакелинг изминал 453,6 километри на моноцикл, за период од 24 часа во Велс, Велика Британија. Подвигот го направил на 29-30 септември 2007 година.

Најголемата колекција на хотелски знакчиња „Не вознемирувај“

Интересни Гинисови рекорди #2Хоби си е хоби. Жан-Франсоа Вернети од Швајцарија собрал дури 8.888 најразлични хотелски знакчиња „Не вознемирувај“ од 189 земји низ светот. Тој со ова хоби почнал да се занимава од 1985 година.

Најдолги нокти на двете раце

Интересни Гинисови рекорди #2Мелвин Бут (лево) од Трој, Мичиген има нокти долги 9,05 метри. Ли Редмонд (десно) не ги исекла ноктите од 1979 година и тие на сликата се долги 8,65 метри. За жал, нејзините нокти се скршиле во сообраќајна несреќа.

Најмногу облечени маички одеднаш

Интересни Гинисови рекорди #2Џеф ван Дек облекол 227 маички одеднаш на настан кој бил организиран во Белгија на 24 април 2008 година.

Човек со најрастеглива кожа

Интересни Гинисови рекорди #2Гери Тарнер од Велика Британија може да ја растегне сопствената кожа од стомакот во должина од 15,8 см. Гери има ретка состојба наречена Елерс-Данлос синдром, неправилност на сврзното ткиво кое ги напаѓа кожата, лигаментите и внатрешните органи. Колагенот е тој кој придонесува еластичност на кожата.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. bubeto Reply

    interesnoo :)

  2. goce Reply

    ludi raboti…strava se stvarno…

Остави коментар