Интересни факти за серијата „Пријатели“

Интересни факти за серијата „Пријатели“

Пријатели“ е една од најпопуларните и најгледаните серии во светот, која своето деби го имаше на 22 септември 1994 година на телевизијата NBC. До својата последна епизода на 6 мај 2004 година, беа снимени 10 сезони или вкупно 236 епизоди. Актерите Џенифер Анистон, Метју Пери, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Ле Бланк и Лиса Кудроу, иако пред почетокот на снимањето на серијата беа скоро анонимци, денеска се големи ѕвезди. За тоа говори и нивната плата која на почетокот на снимањето на шоуто изнесувала скромни 22.500 долари по епизода, за во последните две сезони да достигне висина од 1.000.000 долари по епизода.

Интересни факти за серијата „Пријатели“

  • За време на прикажувањето на шоуто во САД, реклама од 30 секунди чинела пола милион долари.
  • Во Велика Британија, за време на прикажувањето на последната епизода од серијата во 2004-та година, за реклама од 30 секунди биле наплатени рекордни 1,2 милиони фунти (1,8 милиони евра).
  • За името на серијата, во игра биле и уште неколку идеи како што се: „Friends Like Us“, „Six of One“, „Across the Hall“ и „Insomnia Cafe“.
  • „Централ Перк“, кафулето во кое 6-те ликови го поминуваат поголемиот дел од нивното време, е направено според кафулето Менхетн, кое се наоѓа во Вест Вилиџ во Њујорк.

Интересни факти за серијата „Пријатели“

  • Во текот на 10-те сезони, во серијата гостуваат многу познати глумци како Џорџ Клуни, Џулија Робертс, Дени Де Вито, Жан Клод Ван Дам, Брус Вилис, Крис Ајзак, Еди Кејхил и други.
  • Кога пилот-епизодата била одобрена да стартува на телевизија, целата екипа која работела на снимањето на серијата добила бесплатен одмор во Лас Вегас.
  • Кортни Кокс (Моника) беше прогласена за најзгодната девојка од ТВ сериите, според списанието Плејбој.

Интересни факти за серијата „Пријатели“

  • Колумбискиот универзитет има палеонтолог по име Дејвид Швимер (Рос). Во серијата, Рос е палеонтолог.
  • Џенифер Анистон (Рејчел), пред почетокот на снимањето на Пријатели имала 15 килограми плус, потоа нејзиниот агент и наредил да ослабе за потребите на серијата.
  • Лиса Кудроу (Фиби) имала уплав од патката која Џои и Чендлер ја чуваат како милениче во серијата.

Интересни факти за серијата „Пријатели“

  • Кортни Кокс првично се пријавила на аудицијата за улогата на Рејчел.
  • Мет Ле Бланк (Џои) бил тотално шворц, со само 11 долари на својата сметка пред да ја добие улогата во Пријатели.
  • Метју Пери (Чендлер) кратко се има појавено и во популарната серија„Беверли Хилс 90210“ играјќи улога на најпопуларното момче во училиштето.

Интересни факти за серијата „Пријатели“

  • Песната на најавната шпица на серијата „I’ll be there for you“ од бендот Rembrandts, стана огромен хит насекаде во светот за многу кратко време.
  • Кортни Кокс била најпозната од 6-те актери пред снимањето на серијата. Претходно таа ја играше улогата на детективот за животни, во филмот Ејс Вентура заедно со Џим Кери.
  • Снимката на шпицата каде што актерите танцуваат околу фонтаната е снимена на имотот на студиото Warner Brothers во 5 часот наутро.

Интересни факти за серијата „Пријатели“

  • За секоја епизода се трошел филм, кој достигнувал должина од 3 километри. Истиот содржел 12 часа снимки кои потоа се крателе до 22 минути.
  • Серијата во просек била следена од 26 милиони гледачи само во САД.
  • Само Метју Пери им помагал на 12-те автори на сценариото при пишувањето на шеги за да го направи шоуто поинтересно.
  • На почетокот на серијата станот на Чендлер и Џои беше адресиран со бројот 4, а на Моника и на Рејчел со бројот 5. Подоцна во шоуто режисерите ги заменија со броевите 19 и 20, бидејќи сфатиле дека броевите 4 и 5 се однесуваат на станови кои би требало да се наоѓаат на ниските катови од зградата, а не на претпоследниот како што е прикажано во серијата.

Интересни факти за серијата „Пријатели“


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. fan Reply

    Сте заборавиле да го напишете најинтересниот факт:
    Дејството на Пријатели се одвива во Њу Јорк, но целата серија е снимена во Калифорнија 🙂

    • sase Reply

      decko ocigledno nemas pojma so zbores…ko prvo imam ideno vo NY i poseti gi dvete sobi..so znaci tia sa..i tamo e snimana serijata….i kako 2 ro Pi kafe u central perk..hah:)pozdrav

  2. sannnicia Reply

    i toa za metju peri deka im pomagal vo scenarioto e pogresno , gledav nivno intervju , rekoa deka segite na met le blank zavrsuvale vo scenarioto

Напиши одговор на fan Откажи одговор