Интересни факти за „Сам дома“

Се сеќавате на филмот од пред 2 децении? Какво прашање!? Дури и ако сте се родиле многу подоцна, барем 3 пати сте гледале барем едно продолжение од „Сам дома“. По повод 20 години од првиот дел на ова легендарно филмско остварување кое го освои секое дете, еве неколку интересни факти, кои веројатно не сте ги знаеле.Интересни факти за „Сам дома“1. Сликата од девојката на Баз што ја наоѓа Кевин е всушност слика од момче кое е преправено да изгледа како девојче бидејќи режисерот сметал дека би било сурово да се исмева женско на таков начин.

2. Постои една легенда дека Елвис Присли (кој умре во 1977) се појавил во филмот. Многумина кои веруваат дека Елвис е сè уште жив, сметаат дека човекот со долга брада кој стои зад госпоѓа Мекалистер во сцената во која таа се расправа со службеникот, е токму тој (видео од сцената).Интересни факти за „Сам дома“3. Улогата на чичко Френк била напишана за Келси Грамер.

4. Списанието Плејбој кое Кевин го наоѓа во собата на Баз е од јули, 1989 година во кое госпоѓица јули е Ерика Еленијак.Интересни факти за „Сам дома“5. „Злобната печка“ во подрумот ја направиле двајца момци со помош на џебни батерии и конец за риболов.

6. Роберт Дениро ја има одбиено улогата на Хери.Интересни факти за „Сам дома“7. „Ангели со нечисти души“ е измислен гангстерски филм, снимен специјално за сам дома. Од овој филм се сними и продолжение за продолжението на сам дома.

8. Портабилниот плеер на касети Talkboy, на почетокот бил конципиран само за Сам дома, за да го користи главниот лик во филмот, Меколи Калкин. Во 1993 година беше направена верзија за малопродажба, на иницијатива на млади фанови на филмот.Интересни факти за „Сам дома“9. Џон Кенди ја има снимено својата улога во 1 ден, иако во текот на екстремно долги 23 часа. Приказната дека тој некогаш си го заборавил синот на погреб е комплетно импровизирана. Неговата улога е инспирирана од улогата која ја игра во „Авиони, возови и автомобили“.

10. Во сцената во која Хери му го гризнува прстот на Кевин, Џо Пеши всушност вистински загризува, оставајќи му лузна на Меколи Калкин. Интересни факти за „Сам дома“11. Концептот за филмот се родил за време на снимањето на сцената во филмот „Чичко Бак“, кога Меколи Калкин ја испитува идната бебиситерка преку отворот за пошта на вратата.

12. Даниел Стерн се согласил да му стават вистинска тарантула на лицето само еднаш. За таа сцена тој го глуми викањето, бидејќи тоа би можело да го исплаши пајакот. Викањето се снимило отпосле и било прилагодено на снимената сцена.Интересни факти за „Сам дома“

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар