Интересни факти за лалињата

Лале – највообичаениот цвет на пролетта. Иако кога ќе се спомене ова цвеќе веднаш се асоцираме на Холандија, еве неколку интересни факти за лалињата кои не сте ги знаеле.

Интересни факти за лалињата

  • Лалињата се трети најпопуларни цвеќиња во светот, после розите и хризантемите.

Интересни факти за лалињата

  • Холандија доминира во одгледувањето на лалиња во светот. За ова е заслужен Карл Клузиус кој го донел лалето во Холандија. Тој бил професор по ботаника на Универзитетот во Лајден.

Интересни факти за лалињата

  • Лалето потекнува од регионите околу Црното Море и Кримскиот полуостров.

Интересни факти за лалињата

  • Турција била прва која почнала да ги култивира лалињата во 1530 година. Во Холандија стигнале 20 години подоцна.

Интересни факти за лалињата

  • Лалето припаѓа на родот „Tulipa“ кој опфаќа 150 видови.
  • Постојат околу 3.000 вариетети од лалиња, познати под различни имиња.

Интересни факти за лалињата

  • Вообичаено, на една дршка има по еден цвет, но некои видови лалиња имаат и по 4 цветови.
  • Лалињата се достапни од ноември до мај и имаат животен век од само 3-7 дена.

Интересни факти за лалињата

  • Идеални предели за одгледување лалиња се оние кои имаат долга и свежа пролет со задоцнето лето.

Интересни факти за лалињата

  • Ако одгледувате лалиња, треба да ги заштитите од мали животинки како зајаци, верверици и стаорци бидејќи ги јадат.
  • Лалето е симбол на љубов, романтика, страст и сонување.

Интересни факти за лалињата

  • Ова пролетно цвеќе е национален симбол на Турција.

Интересни факти за лалињата


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар