Интересни факти со кои ќе ги импресионирате оние околу вас

Интересни факти со кои ќе ги импресионирате оние околу вас

На следниот семеен собир или кафе-муабет со пријателите, може да започнете разговор за некоја од следниве теми. Ова се интересни факти кои не сте ги знаеле досега, а со нив ќе ги импресионирате вашите пријатели, воедно започнувајќи примамлива тема на разговор.

Интересни факти со кои ќе ги импресионирате оние околу вас

1. Во 1893, сестрите Пати и Милдред Хил ја напишале една од најпопуларните песни која сите ја пееме кога некој слави роденден, Happy birthday to you. Мелодијата ѝ е дадена околу 1912 година, а дури во 1935 се продадени авторските права. Подоцна авторските права за песната се проценети на 5 милиони долари. Она што е интересно е тоа дека правата над оваа песна и ден-денес се контроверзни. Од продукцијата Ворнер тврдат дека ќе ги поседуваат авторските права на песната сè до 2030 и дека фактички, секој јавен настап со песната е нелегален доколку ним не им биде платен надомест.

2. Дали некогаш ви се случило, само што ќе заспиете, да почувствувате како наеднаш да паѓате? Постојат низа работи кои експертите ги наведуваат како причини за таквата појава, меѓу кои стрес, нервоза, кофеин, напнатост… Друга теорија е дека мозокот погрешно го интерпретира опуштањето на мускулите по што ве тера да се разбудите за да се осигурате дека падот не се случил.

Интересни факти со кои ќе ги импресионирате оние околу вас

3. Бактеријата ешерихија коли воглавно е безопасна, иако некои видови од оваа бактерија предизвикуваат дијареа, нагон за повраќање и труење од храна. Како и да е, интересно е тоа што неодамна беше направено истражување со кое се докажа дека ешерихија коли е способна да реши едноставна судоку задача. А вас, како ви оди решавањето судоку?

4. Можеби ќе ви звучи чудно, но и животните се борат за правата на хомосексуалците. Не, не е шега. Бројни истражувања имаат покажано дека кај животните може да се сретне сексуален однос меѓу двајца мажјаци, на пример. Хомосексуалноста најчесто се среќава кај црните лебеди, жирафите, мајмуните, дури и кај некои инсекти.

5. Верверичките ви изгледаат како невини, мили и плашливи животни, неизмерно слатки со големи очиња. Она што ќе ви ја промени таа слика за нив е фактот што тие многу често мастурбираат. Сè што им е потребно е удобно дрво и топли сончеви зраци, вистински добар амбиент обезбеден од природата. 🙂

Интересни факти со кои ќе ги импресионирате оние околу вас

6. Научниците посочуваат дека постојат 3 вида солзи од кои едни се емотивните солзи. Всушност плачењето ви ја олеснува болката и го намалува стресот. Затоа не воздржувајте се, кога ќе ви дојде до плачење исплачете се добро.

7. Интересно, најмногу криминал се случува кога времето е топло. На високи температури агресивните луѓе стануваат уште поагресивни.

8. Подгответе се, бидејќи никогаш повторно нема исто да ги гледате стаорците и мравките. Стаорците умеат да бројат до 5, а мравките до 7. Можеби треба да размислиме повеќе пред да претпоставиме дека животните не се паметни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар