Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација

Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација

По повод европскиот ден на јазиците, ви нудиме интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација. За некои од нив можеби веќе сте чуле, други ќе ве изненадат дури и зачудат.

1. Над 700 милиони луѓе ширум светот го зборуваат англискиот како странски јазик.

2. Светски познатото име Big Ben не се однесува на часовникот туку на едно од ѕвончињата.Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација3. Една легенда вели дека ако одлетаат гавраните кои стојат на кулата во Лондон, ќе падне британското кралство.

4. Првата продавница за топло чоколадо во Лондон била отворена од страна на еден Французин во 1657 година и во тоа време топлото чоколадо бил пијалак на елитната класа.

5. Лондонското метро е првата урбана подземна железница која датира од 1863 година.

6. Годишно се губат околу 80.000 чадори во лондонското метро.

7. Во Англија има над 30.000 луѓе кои се викаат Џон Смит.

8. Порција риба и помфрит или fish and chips, е еден од традиционалните англиски оброци, а првиот ресторан за вакви оброци бил отворен во 1860 година од страна на еврејски имигрант.Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација9. Битлсите се најпознат англиски бенд во историјата, со 6 дијамантски, 24 мултиплатинести, 39 платинести, 45 златни албуми и 27 хитови број еден.

10. Околу 26% од вокабуларот во англискиот јазик е со германско потекло, 4% од лични имиња, 29% од латинско потекло, 29% француско, 6% од зборовите во англискиот јазик имаат грчко потекло и уште 6% од останати јазици.

11. Англискиот сленг Кукни (Cockney) е еден од најинтересните ритмички сленгови. Еден збор се заменува со фраза, без да имаат било каква поврзаност во значење или употреба, на пример зборот stairs станува apples and pears.

12. Вилијам Шекспир е вториот најцитиран писател во англиската литература. Тој донел 3.000 нови зборови во англискиот јазик.Интересни факти поврзани со англискиот јазик и цивилизација13. Окото на Лондон, или The London Eye е највисокото место за набљудување во светот. Со цел да може подобро да се набљудува, окото на Лондон се врти, а секоја негова ротација трае триесетина минути.

14. Вилијам I, познат и како Освојувачот Вилијам кој владеел од 1066 до 1087, донел закон кој наредувал сите да си легнуваат во 8 часот.

15. Во 1945, јато птици слета на стрелките на познатиот часовник, враќајќи го времето 5 минути назад.

16. Авторот на книгите за Џејмс Бонд, Ијан Флеминг бил инспириран за кодот 007 од автобуската линија Кантербери – Лондон 007.

17. Во Англија има повеќе кокошки отколку луѓе.

18. Поштенските марки во Велика Британија се единствени во светот кои не го содржат името на државата.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. 75\8793 Reply

    Интересно посебно 17….

Остави коментар