Интелигенцијата е проклетство – Еве зошто е подобро да си глуп

Интелигенцијата е проклетство – Еве зошто е подобро да си глуп

Често испровоцирани од разни ситуации, велиме подобро е човек да биде глуп. Точно дека интелигенцијата генерално претставува предност, но тоа не е баш секогаш така. Понекогаш е навистина подобро човек да е глуп.

inteligencijata-e-prokletstvo-eve-zoshto-e-podobro-da-si-glup-kafepauza.mk

Интелигентните луѓе имаат доволно причини да бидат благодарни што природата им била наклонета, но сигурно некогаш зажалуваат што не го пропуштиле моментот кога „Господ делел памет“. Еве кои се лошите страни на високата интелигенција:

1. Веројатно сте ноќна птица

Научниците неодамна открија една негативна последица на поседувањето висока интелигенција – склоноста за доцна легнување во кревет, односно во раните утрински часови, и станување подоцна следниот ден. Генерално интелигентните луѓе се склони да остануваат будни долго време, но тоа носи и некои негативни последици. Многу студии имаат покажано дека ноќните птици се посклони да развиваат емоционална нестабилност, но и дека патат од симптоми на депресија. Освен психичкото, заради таквиот биоритам, трпи и нивното физичко здравје.

2. Помали се шансите гените да ги пренесете на своите потомци

Уште еден несреќен стереотип поврзан со паметните луѓе е дека тие не се баш многу социјални луѓе, односно дека се чудни „гикови“ кои се осудени на живот во целибат сè додека не се извлечат од средношколскиот пекол. Ова и не е толку важно колку податоците кои покажуваат дека колку е една жена пообразована, толку помалку има деца. Паметните почесто целат кон повеќе во кариерата, заради што создавањето семејство го ставаат во втор план.

3. Повеќе лажете

Фактот дека сте најпаметни во просторијата често ви претставува проблем бидејќи вие сте свесни за тоа, а многумина тоа го злоупотребуваат. Високиот коефициент на интелигенција кај луѓето често создава способност за мамење на останатите. За да лажете со цел да останете незабележани треба да мислите и на вистината, и на тој начин всушност манипулирате. Сето тоа вклучува интеграција на неколку мозочни процеси кои функционираат на ист начин како и при решавањето комплексни математички задачи.

4. Посклони сте да поверувате во лага

Образованието води до едно погрешно верување, а тоа е – мислите дека сте попаметни одошто сте. Три студии имаат откриено дека луѓето кои паднале на некоја лага, вложиле каде што не требало и слично, обично биле пообразовани. Тие не бараат совети бидејќи сметаат дека се имуни на сите грешки, а не сфаќаат дека интелигенцијата не значи секогаш способност за преживување во вистинскиот свет.

5. Повеќе сте склони на автодеструктивност

Големите умови имаат една заедничка особина – љубопитноста. Проблемот е во тоа што тие се екстра љубопитни луѓе, како и луѓе кои попрво од другите ќе пробаат одредени супстанци. Тоа го има потврдено студијата на британски научници која открила дека паметните луѓе се посклони да постанат алкохоличари, а исто така пронашле врска и помеѓу високата интелигенција и користењето на психоактивни дроги.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар